• Latest

Залудни предупредувањата на УНЕСКО: во Лагадин се гради без дозвола!

June 20, 2017

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Залудни предупредувањата на УНЕСКО: во Лагадин се гради без дозвола!

June 20, 2017 11:21
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжува градбата на објектот во Лагадин – без одобрение за градба. Како што информираат од граѓанското здружение „Охрид СОС“, потврда за тоа пристигна и од Инспекцискиот совет на Република Македонија, во чиј одговорот по поднесената претставка се вели: „Согласно податоците кои ги имате доставено до Инспекцискиот совет, градбата на објектот е повторно отпочната без никакво одобрение за градба“!

„Општина Охрид, под итно да си пратите служби на терен, да се запрат воскреснатите незаконски активности во Лагадин!“, порачуваат од „Охрид СОС“.

Здружението „Охрид ЅОЅ“ ги испрати истите информации и до Општина Охрид и до Секторот урбанизам, од кои се бара итно прекинување на сите активности, издавање одобрение за отстранување на бесправниот објект и најстрого санкционирање на лицата кои го прекршиле законот со обидот од 14 јуни 2017, повторно да почнат со градежни работи.

Сопствениците на имоти во Лагадин основаа здружение на граѓан(к)и, за да може да се вклучат во процесот на носење одлуки на локално ниво, откако истото право им беше незаконски одземено со укинувањето на Месната заедница Лагадин.

„Ве известуваме дека ќе ги искористиме сите правни механизми на располагање и дека ќе се обратиме до сите инстанци во земјава, и доколку има потреба, надвор од неа“, стои во претставките што сопствениците на имоти во Лагадин ги пратија до Инспекцискиот совет на Република Македонија и до Општина Охрид.

Незаконското продолжување со градба во Лагадин, доаѓа и покрај предупредувањето на експертскиот тим на УНЕСКО, кој во месец април беше во посета на Охрид. Во нивниот извештај, состојбата се оценува како сè полоша и сметаат дека е можна сериозна деградација на овој заштитен екосистем, пред сè, поради предвидените и според нив, несоодветни инфраструктурни проекти.

УНЕСКО предупреди дека под влијание на несоодветни човечки активности, стотина природни добра се пред исчезнување. Најновите истражувања откриваат дека кај 63 проценти природни добра се забележува негативно човечко влијание, а дека дури 91 процент од анализираните подрачја се соочуваат со драстично губење на шумите!

Посетата на УНЕСКО беше токму поради плановите за изградба на хотел во заштитениот зелен појас во населбата Лагадин, како и поради плановите за изградбата на ски-центар на Галичица, патот А3, автопатот А2 и Железничкиот коридор 8.

М. Теговска

Tags: инспекцијаЛагадинодобрение за градбаопштина ОхридОхридско ЕзероприродаУНЕСКО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ