Врховниот командант на Вооружените сили на Украина Валериј Залужниј соопшти дека украинската војска фати двајца руски војници од единицата 91701 на моторизираниот пешадиски полк Јампол. Понатаму во соопштението се вели дека четири руски тенкови се изгорени на обиколницата во Харков. Руски трупи ја напаѓаат границата во Житомирската област а руската воена техника го премина контролниот пункт Вилча. Граничарите заедно со украинската војска ја прифатија битката.
Удари со Град беа извршени на станицата за гранична стража кај Млачивка. Во зависност од ситуацијата, единиците на граничната стража се прераспоредуваат на резервни позиции комуницират со Вооружените сили на Украина и Националната гарда. Руските сили не само што нападна гранични единици, туку и цели во градови на Украина. Главната цел е да се алармира јавноста и да се стават надвор од функција одредени воени инсталации и критична инфраструктура, соопштува Залужниј.