Ова меѓу другото го истакна заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши на годишната министерска конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од западниот Балкан и ЕУ, што во рамки на Вториот сараевски миграциски дијалог, од 20 до 21 септември се одржува во Сараево.
На конференцијата на која што присуствуваат и претставници од повеќе меѓународни асоцијации и организации како и претставници на Европската комисија, и која што е посветена на многуте аспекти на проблематиката со илагалната миграција, заменик минстерот Буши потенцираше дека Република Северна Македонија активно учествува во бројните меѓународни и регионални платформи, иницијативи и процеси, како Салцбуршкиот форум, Будимпештанскиот процес, Прашкиот процес, Заедничката координативна платформа, Програмата за гранична безбедност на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор (ДКАФ), Конвенцијата за полициска соработка во Југоисточна Европа (КПС ЈИЕ). Притоа нагласувајќи дека со оглед на случувањата на тнр. „западно-балканска рута„ во последните години, најинтензивна е соработката со земјите кои се дел од неа или пак се во нејзина непосредна близина, при што од особено значење се заедничките и координирани операции спроведени во поддршка од страна на некои од веќе споменатите организации.
“Еден од главните предуслови за ефикасно управување со нелегалната миграција и миграцијата воопшто е зајакнувањето на прекуграничната соработка, мислејќи пред се на постоење ефикасен механизам за враќање, доброволно и присилно, во земјите на потекло. Политиките за реадмисија и механизмите за враќање се од посебно значење за успешно управување со миграцијата, но истовремено се области каде што се соочуваме со сериозни предизвици, особено во делот на неможноста ефикасно да се вратат дел од нелегалните мигранти во нивните земји на потекло“, потенцираше заменик министерот Буши.