ВОЈО МАНЕВСКИ
Напишав десетина текста за состојбите во правосудството. Што и да додадам е само уште еден податок кој ги потврдува моите тези.
Претседател на влада , лидер на опозиција тужи новинар?
Го загрозувал неговиот интегритет со текст кој е објавен пред тоа во друг медиум. И што треба да е заклучокот?
Лидерот не сака јавност ниту увид во неговите активности. Ако сакаш да имаш приватност не излегувај на јавна сцена , не троши пари на заедницата и ќе си бидеш обичен граѓанин.
Секое посегнување по правосудниот систем и барање негова заштита е слабост на лидерот кој не ја разбира положбата и одговорноста што ја носи тој статус. Ако не сакаш да пливаш во такви води не влегувај во водата е народна мудрост. Замолчувањето на новинарите е чекор кон авторитарно владеење, а не демократски систем каде секој магистрат и е одговорен на јавноста и законот. А ако нема јавност законот е со заврзани очи. Џабир одговара пред јавноста и законот што нема врзани очи.
Ете тоа е разликата господа носители на јавни овластувања. Колку повеќе ја замолчувате критиката толку повеќе го кратите својот мандат даден од граѓаните. Разликата е во крајот на мандатот. Демократите заминуваат со поздрав со претходникот, а автократите власта ја губат во немири и оставаат неред во општеството. Изборот е ваш господа владители.