• Latest

Заобиколување на Комисијата за европски прашања!

May 18, 2017
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заобиколување на Комисијата за европски прашања!

May 18, 2017 10:52
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Работата на Собранието во 2016 година во делот на аспирациите за членство во Европската унија се сведува на усвојување на повеќе „европски закони“, заобиколувајќи ја целата процедура, предвидена за законите со европско знаменце во периодот 2014-2016.

Ова е заклучокот од годишниот извештај за работата на Собранието, „Ефективен собраниски надзор? Отсликување на реалноста во процесот на правна хармонизација со ЕУ“, подготвен од Институт за демократија „Социетас Цивилис“- Скопје (ИДСЦС).

„Собранието донесе вкупно 14 закони кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично е што 13 закони воопшто не се разгледувани на седница на Комисијата за европски прашања, за истите нема европско знаменце, нема изјава за усогласеност, ниту кореспондентна табела, иако се прикажани како ‘европски’ закони“, се вели во извештајот.

„Загрижувачки е податокот дека Комисијата за европски прашања се заобиколува и притоа, се оневозможува да ја извршува својата примарна, надзорна и контролна функција, имено, следење на процесот на усогласување на националното со законодавството на ЕУ. Ниедна од политичките партии присутни во Собранието, не ја забележала оваа пракса и соодветно не интервенирала со препорака – истата да се напушти во интерес на процесот на интеграција во Унијата“, велат од ИДСЦС.

„Проверка на усогласеноста на предлог законскиот акт со правото на ЕУ од страна на Комисијата за европски прашања во финалната законодавна фаза. Постоечката пракса – разгледување на предлог законскиот акт со кое се врши усогласување само во прво читање, треба да се унапреди и истата да се надополни со учество на Комисијата за европски прашања, до конечното усвојување на законското решение кое произлегува од Национална програма за усвојување на правото на Европската унија и со кое се врши усогласување. Комисијата е таа која треба да е последниот арбитер за оценка на усогласеноста пред законскиот акт финално да се гласа на пленарна седница“, се дел од препораките сместени во извештајот, со цел враќање на вистинската улога на Собранието и ефикасно извршување на контролна и надзорна функција, а со цел унапредување на процесот на правна хармонизација.

Публикацијата е изработена во рамки на проектот „Улогата на Собранието во процесот на пристапување кон ЕУ„ имплементиран во рамки на проектот „ИПА2 Механизам на граѓанските организации“, спроведен од организациите „Евротинк“, „Еко-свест“, „Реактор“ и „Зенит“.

 

 

Tags: европски закониЕУИДСЦСКомисија за европски прашањапроцедураСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ