• Latest

Започна кампањата за успешен референдум

August 31, 2018

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Започна кампањата за успешен референдум

August 31, 2018 08:40
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владејачките партии, вонпарламентарни партии и невладини организации се обединија под слоганот „Заедно ЗА европска Македонија“ во повикот до граѓаните за позитивен исход на референдумот и за евро-атлантска иднина на Македонија. Премиерот Зоран Заев кој ја промовираше кампањата најави дека во коалицијата што ќе води кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ заедно се здружени околу стотина субјекти и се очекува таа бројка да расте. 

Премиерот рече дека референдумот има значење на втора независност за Македонија. Тој ги повика ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да се вклучат во кампањата и да го поддржат референдумот

– Гласањето на 30 септември на многу начини е уште еден референдум за зацврстување и потврдување на нашата независност. Заедно ќе ги обезбедиме нашите граници, ќе го афирмираме нашето културно наследство и нашата посебност и ќе добиеме сигурна перспектива за иднината како членка на НАТО и ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев, промовирајќи ја кампањата.

Излези за европска Македонија-Клуб на пратеници

Убеден е дека овој референдум за, како што посочи, иднината на Македонија ќе се оствари со консензус како што се случи и со референдумот за независноста.

– Граѓаните ќе бидат заедно за европска Македонија. Време е Република Македонија да тргне уште побрзо по вистинскиот пат, пат кој е над дневните расправии на политиката и жестоките полемики во нашето општество, нагласи Заев додавајќи дека ни престои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините што доаѓаат и оти иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии.

Тој ја повика опозицијата да се приклучи и да не дозволи оваа историска и неповторлива шанса Македонија да стане членка на НАТО и ЕУ.

Преку кампањата ќе се информираат граѓаните за придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО и ќе им биде објаснето дека македонско-грчкиот договор е договор за македонската иднина.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека референдумот е изјаснување за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за едно подемократско општество со целосно владеење на законот и беспоштедна борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Нашата земја, ние како политичари, нашето општество, се наоѓаме пред клучни моменти кога е потребна храброст и одлучност. Сите ние сплотени ве повикуваме да гласаме за Европа за НАТО, рече Ахмети и тој ја повика опозицијата да им се придружи.Од опозицијата се уште немаат став дали ќе го поддржат референдумот и ќе ги повикаат граѓаните да го дадат својот глас, без разлика дали за или против договорот со Грција, или пак ќе повикаат на бојкот.

Кампања за референдум

Претставниците на меѓународната заедница, пак, и натаму на македонските граѓани им пораќуваат дека Македонија има историска шанза за членство во ЕУ и НАТО и оти треба да излезат на референдумот.

Американскиот амбасадор Џес Бејли од Прилеп порача дека граѓаните се тие што ја носат одлуката за својата иднина.

– Сакаме Македонија да се придружи на НАТО и ЕУ. САД се партнер на Македонија веќе 25 години и ние мислиме дека преспанскиот договор, иако е тежок, претставува фер компромис кој го отвара патот кон таа светла иднина, рече Бејли при  вчерашната  посета на Прилеп од каде упати порака македонските граѓани да го искористат своето право на глас.

Во Прилеп вчера беше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска која го објасни придобивките од членството во НАТО, што, како што посочи, прво позитивно ќе ги почувствуваат сите припадници на АРМ. Членството во НАТО, според неа, ќе значи помодерна и подобро платена Армија.

Затоа, рече таа, сум убедена дека на 30 септември граѓаните на Прилеп и другите општини ќе го направат изборот, со кој Македонија ќе ја потврдиме, дека ќе има НАТО и европска перспектива, зголемена безбедност, повисоки инвестиции, подобри плати и повеќе работни места. 

ВМРО седиште

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и натаму не го соопштува својот став, дали ќе повика на бојкотна референдумот или за гласање против договорот, кој според нив значи бришење на македонскиот идентитет.

– Со капитулантскиот договор се менува името на Република Македонија, се менува уставот на Република Македонија, македонскиот јазикот, македонската националноста, македонската културата, македонската историјата и традицијата. Република Македонија не само што се откажува од Македонците надвор од границите на државата, туку се откажува од сето она за кое што се бореле нашите предци и за сето она што ни е дадено да го чуваме во аманет, рече на вчерашната прес-конференција генералниот секретар на партијата Игор Јанушев.

Според него, да се поистовети несогласувањето со ваквиот, како што рече, штетен и капитулантски договор со неприфаќање на европските вредности е невидено потценување на македонскиот народ. (МИА)

Tags: Блада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕЗоран ЗаевкампањаНАТОРадмила Шекеринскареферендум
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ