• Latest

Започна „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – силна порака од ЦИВИЛ за будност, отпорност и заедничка акција

December 5, 2025

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ДЕМОКРАТИЈА

Започна „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“ – силна порака од ЦИВИЛ за будност, отпорност и заедничка акција

December 5, 2025 14:17
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА АКЦИЈА, ДЕМОКРАТИЈА, ТОП 5, ФОРУМ, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со прес-конференција одржана денеска во 11 часот во Граѓанскиот Ресурсен Центар во Скопје, официјално започна деветдневната програма „Одбрана на демократијата: Хоризонти на слободата“. Тимот на ЦИВИЛ најави динамична серија активности посветени на заштитата на демократските процеси, слободата на медиумите и човековите права во време на растечки глобални закани. Програмата беше презентирана на македонски и албански јазик.

Повик за будност, а не само уште еден настан

На прес- конференцијата се упати порака дека оваа програма не е само уште една точка во календарот, туку силен повик за здружена акција. Во воведното обраќање на Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ се нагласи дека демократијата денес е под постојан притисок – и во земјава, и во регионот, и во светот.

„Живееме во време кога вистината е оспорена, човековите права се под закана, а демократиите се соочуваат со удари од војни, авторитарни режими и хибридни операции. Она што пред неколку години беше сфера на развој и едукација, денес е сфера на одбрана“, истакна Дерала.

Неопходно е  демократските општества да преземат итни и решителни мерки за спротивставување на империјализмот, агресијата и авторитаризмот што ја нарушуваат стабилноста и го поткопуваат јавниот интерес, беше една од пораките што ЦИВИЛ ги упати до јавноста.

Девет дена посветени на вистината, слободата и отпорноста

Програмата, која ќе трае до 12 декември, носи богата агенда: медиумски активности, јавни настапи, експертски тркалезни маси, работилници и финална меѓународна конференција со истакнати учесници од Германија, Украина, Франција, Италија, САД и регионот.

Во фокусот се клучните теми што веќе ја моделираат иднината на демократијата:

  • руските хибридни операции и дезинформациски стратегии,

  • улогата на медиумите во време на пост-вистинска политика,

  • авторитарните влијанија во Европа и регионот,

  • експлозивниот развој на вештачката интелигенција, особено во безбедносни и информациски контексти.

ЦИВИЛ нагласи дека ваквите теми се критични, бидејќи општествата во регионот се наоѓаат во период на зголемена чувствителност, каде што лажните наративи и пропагандата добиваат значајно влијание врз јавната дебата.

Во своето обраќање Биљана Јордановска ја презентираше подетално целата програма како деветдневна стратегиска, општествена и мултимедијална програма посветена на човековите права, демократската
отпорност и одговорот на хибридните закани.

Завршниот настан ќе се одржи на 15 декември кога јавно ќе се претстави Извештајот од Локалните избори 2025 со стратешки препораки.

Демократијата опаѓа кога јавноста се изморува

На прес-конференцијата беше упатена и силна порака дека демократијата пропаѓа таму каде што граѓаните се повлекуваат, а институциите остануваат без контрола.

Дерала повика и на лична и општествена одговорност во справувањето со ерозијата на институциите и демократските стандарди – тренд кој, како што беше речено, не е само локален, туку дел од глобален судир меѓу демократски и авторитарни модели на владеење.

Старт со јасна порака

Со денешната прес-конференција започна програмата што ќе обедини истражувачи, новинари, активисти, интелектуалци и меѓународни партнери со една заедничка цел.

„Демократијата преживува само кога активно се брани. Ние сме тука токму за тоа – да ја браниме, да ја унапредуваме и да ја споделиме таа обврска со целото општество.“

ЦИВИЛ – Центар за слобода

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ