• Latest

Започна Самитот за Западен Балкан во Берлин, 106 милиони долари од САД, 10 милиони евра од ЕУ за модернизација на Армијата, досега најголем буџет за патна инфраструктура

November 3, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Започна Самитот за Западен Балкан во Берлин, 106 милиони долари од САД, 10 милиони евра од ЕУ за модернизација на Армијата, досега најголем буџет за патна инфраструктура

November 3, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

САМИТ ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН ВО БЕРЛИН

Премиерот Ковачевски пречекан од германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со шефовите на Владите од земјите од Западен Балкан, како и високи претставници на Влади од земјите на ЕУ и Обединетото Кралство, денеска присуствуваа на официјалното започнување на Самитот за Берлински процес.

Ковачевски од Берлин: Заедничкиот регионален пазар ја зголемува атрактивноста на регионот за странските инвеститори и овозможува развој

„Самитот за Берлински процес е историски затоа што доаѓа во време на продолжена криза и од истиот се очекува да произлезат конкретни чекори кои ќе ја зајакнат регионалната соработка во сите сфери, со што уште повеќе се зголемува неговата важност“ Ова го истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, денеска на сесијата за Регионална соработка и заеднички регионални пазари во рамките на Самитот за Берлински процес во Берлин, Германија.

Маричиќ: Земјите од Западен Балкан ја знаат важноста и потенцијалот на регионалната соработка

Западен Балкан знае да биде промотор на европскиот систем на вредности и е решен да се движи кон членството во ЕУ, објави на својот профил на Фејсбук вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, кој е дел од владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски, што денеска учествува на средбата на лидерите на земјите од Западен Балкан во рамките Берлинскиот процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин.

Фон дер Лајен: Во Берлин сме за да ја обликуваме нашата заедничка енергетска иднина

Добро е да се видат сите партнери од Западен Балкан во Берлин, една седмица по мојата посета на регионот. Тука сме за да ја продлабочиме економската соработка. Почнувајќи од енергетиката“, ова на Твитер го напиша претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, на почетокот на Самитот на Берлинскиот процес, што на покана на германскиот канцелар Олаф Шолц се одржува во Берлин.

Ковачевски: Со силна поддршка од Германија, како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес, продолжуваме да работиме на регионално поврзување на Западниот Балкан

Со силна поддршка од Германија, како домаќин на Самитот на Берлинскиот процес, но и од сите останати земји од ЕУ, продолжуваме да работиме на регионално поврзување на Западниот Балкан, но и на развој и обезбедување на четирите слободи на движење на кои почива ЕУ, напиша премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Премиерот Ковачевски и лидерите од Западен Балкан во Берлин потпишаа три договори за мобилност за забрзан регионален економски раст и развој

Во рамки на Самитот за Берлински процес што се одржува денеска во Берлин, Сојузна Република Германија од страна премиерот и лидерите од земјите од Западен Балкан беа потпишани три регионални договори за мобилност. Договорите се однесуваат на однесуваат на взаемно признавање на високообразовните квалификации во земјите од Западен Балкан, меѓусебно признавање на високообразовните квалификациите за докторите на медицина, денталната медицина и архитектите, како и за слобода на движење со лични карти во Западен Балкан.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

  „Гледате за колку кратко време, колку сме ценети од нашите стратешки партнери, САД за помалку од 10 месеци донесоа одлука за финансиски средства од вкупно 106 милиони долари, поддршка за процесот на модернизација на Армијата“, потенцираше министерката Петровска, објаснувајќи дека не станува збор за заем или кредит кој ќе треба да го вратиме.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Исклучена нуклеарната централа Запорижја  Како резултат на гранатирање, на 2 ноември беа оштетени последните два високонапонски далноводи на нуклеарната централа Запорижја, што ја поврзуваа со украинскиот електроенергетски систем. Во средата (синоќа) во 23:04 часот, централата влезе во режим на целосно затемнување. Активирани се сите 20 дизел генератори

Поранешниот шаховски првак Карпов е во кома Рускиот пратеник и поранешен шаховски светски првак, Анатолиј Карпов, кој повика на прекин на војната на Путин во Украина е во кома во болница откако претрпел сериозни повреди на главата. Се смета дека 71-годишниот Анатолиј Карпов, кој беше шаховски велемајстор во седумдесетите години од минатиот век пред да се сврти кон политиката, бил повреден во Москва во текот на ноќта во саботата,  според некои тврдењата по „претрпен пад“.

Десет цивили убиени во руските напади На 2 ноември 2022 година, во руските напади на територијата на Украина на 2 ноември 2022 година, вкупно 10 цивили загинаа, а 16 се повредени, соопшти заменик-шефот на Кабинетот на претседателот на Украина Кирило Тимошенко на Телеграм

ОН ја отфрли предложената руска резолуција Русија не успеа да добие одобрение од Советот за безбедност на ОН за резолуција за биолошко оружје насочена кон САД и Украина. На Москва и беа потребни девет гласа во 15-члениот Совет за безбедност на ОН за да ја одобри нацрт-резолуцијата врз основа на неосновани руски наводи дека САД произведуваат биолошко оружје во Украина. За предлог-резолуцијата гласаа само Русија и Кина, против беа САД, Велика Британија и Франција, а останатите 10 земји беа воздржани.

Руските сили ги напуштаат контролните пунктови во Херсон Руските агресори ги напуштија контролните пунктови во Чорнобаивка, Степанивка и Билозерка во регионот Херсон, а бројот на руски воен персонал паѓа во Херсон, изјави градоначалникот на Олешки, Јевхен Ришчук, во објава на Телеграм

СВЕТ

Нетанјаху се ближи до победата, екстремната десница на Израел слави Бенјамин Нетанјаху, поранешниот и најверојатно иден премиер на Израел, прејде во речиси непремостливо водство на изборите во Израел, иако официјалните лица го одложија распишувањето на изборите додека не се пребројат сите гласови. Неговите некогаш маргинални екстремно десничарски сојузници веќе почнаа да слават. Резултатот ги става нивните екстремни идеологии во срцето на политичкиот систем на Израел.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОСЛОБОДЕН ПРИВЕДЕНИОТ ЗА ЗАКАНИТЕ СО БОМБИ „Лицето кое синоќа беше приведено поради постоење на сомнение за поврзаност со заканите за поставени бомби во неколку средни училишта, е пуштено на слобода откако по извршениот распит и претрес во неговиот дом, првичните вештачења не покажале негова поврзаност со испратените пораки,“потврдуваат од Јавното обвинителство.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ И МАНУПУЛАЦИИ ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ја манипулира јавноста со дезинформации и невистини, во врска со наводно склучени договори на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за закуп на земјиште. Наместо опозицијата да се занимава со блокирање на помошта за земјоделците, детално да го провери изворот и владиноста на она што ги презентира како наводна афера“ реагираат од владејачката СДСМ на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ За наредната 2023 година имаме најголем буџет за патна инфраструктура и нашите очекувања се дека заедно со ЈП за државни патишта ќе инвестираме помеѓу 350 и 400 милиони евра што ќе биде историски највисоко ниво за изградба и реконструкција на патна инфраструктура, порача министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на отворањето на „Вториот македонски конгрес за патишта 2022“ во организација на Друштвото за патишта.

СКОПЈЕ ЗАГАДЕНО Скопјани живеат во нечист град, немаат редовен градски превоз, може да останат без вода, и официјално според податоците на  интернет страницата „Iqair“ денеска Град Скопје се на 7-то место на најзагадена земја во светот.

МЕРКИ ЗА ПОМОШ НА ГРАЃАНИТЕ Бизнисот апелира Собранието што поскоро да ги усвои антикризните мерки што ги предложи Владата. Во собраниската Комисија за финансирање и буџет, покрај мерките за директна финансиска помош кон одредени категории на граѓани, во место тапка и помошта за стопанството како што анализираше Цивил медиа, со која се очекува да се стабилизира ценовниот удар на енергенсите како инпут во производството.

ЕНЕРГИЈА, КРИЗА АД ЕСМ во текот на изминатото деноноќие произведе 11.475 мегават часови електрична енергија од кои во термоелектраните се произведени 9.013, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци 2.462 мегават часови, информира Владата.

МЕДИУМИ 

Деновите на медиумска писменост што се одбележаа од 25 октомври до 1 ноември под мотото „Размислувај критички, состави ја целата приказна“, завршија, но борбата за описменување на јавноста, но и на медиумските работници допрва почнува.

 

Надежите на експертите и медиумската фела се дека постепено ќе се стигне до воведување на медиумската писменост како дел од  образовниот процес почнувајќи од  основните и средните училишта. Целта е да се генерира критичка мисла која произлегува од точни и навремени информации наспроти медиумски простор кој бруи од лажни вести, дезинформации и пропаганда. Но, за тоа е потребно време, посветеност, едукација и следење на брзиот технолошки и комуникациски развој.

ЕДИТОРИЈАЛ

Џабир Дерала

Бруталната агресија на Русија против Украина веќе во 2014 година, а уште повеќе со обидот за целосна инвазија во 2022 година, повторно се создаде простор за „убивање на државите“ со негирање на територијалниот интегритет на државите. Така, овој крвав конфликт во кој понижувачките порази на фронтот, Путиновата солдатеска ги компензира со воени злосторства против цивилното население и со глобална закана со енергенси и храна, може да стане секојдневие насекаде низ светот, пишува Џабир Дерала во едиторијалот „ Зошто судбината на Украина е и судбина на светот?“

 

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ