Categories

#CivilFest Започна ЦИВИЛ ФЕСТ

Со значајни говори за човековите права и настап на Dancers United во Младинскиот културен центар, започна ЦИВИЛ ФЕСТ.

На отворањето се обратија Амбасадорот Самуел Жбогар, шеф на делегацијата на Европската Унија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет, Благица Димитровска од Инклузива, Кочо Андоновски од ЛГБТИ – Центар за поддршка, Петрит Сарачини, национален кординатор за култура, како и Дехран Муратов и Џабир Дерала од ЦИВИЛ.

По обраќањата пристуните имаа можност да го проследат преформансот на светските прваци Dancers United.

Gepostet von Civil MK am Montag, 10. Dezember 2018

Во моментов во тек е изложбата и видео проекциите посветени на граѓанското новинарство и активизам.

Од 17 часот ќе започне прославувањето на 19-от роденден на ЦИВИЛ со многу музика и забава. Не заборавајте дека ЦИВИЛ обезбеди простор за детско катче, простор наменет за најмладите.

ЦИВИЛ ги поканува своите поддржувачи, како и заинтересирани граѓанки и граѓани да се придружат на прославата.

 

Print Friendly, PDF & Email