Од 17 до 21 јули на неколку атрактивни локации, на бродот „Галеб“ и на плажата „Оревче“ на Охридското Езеро ќе се одржи второто издание на фестивалот на нов европски филм „Beach Film Festival“.
Организаторите на фестивалот за оваа година најавуваат посодржајно фестивалско издание, чие отворање започнува на оргинален начин, со филмска проекција на брод. Паралелно ќе се одржуваат и проекции на плажата „Оревче“, а секоја вечер за време на фестивалот ќе биде заокружена со музичка програма.
Фестивалската програма предвидува и обука за средношколци што ќе се одржува во гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, на која тие ќе е запознаат и обучуваат како да пишуваат филмска критика.
Учество на фестивалот имаат потврдено млади, но и реномирани режисери, актери, продуценти чии филмови ќе бидат во натпреварувачкиот дел, поделен во три категории – долгометражни, краткометражни и студентски филмови.
– Оваа година во чест на професорот, режисер и актер Стефан Сидоски ќе се доделува награда за најдобро актерско остварување што ќе го носи неговото име, нешто што ќе прерасне во традиција, изјави уметничкиот директор на фестивалот, Ана Опачиќ.
На програмата на фестивалот се филмови на автори од Франција, Германија, Холандија, Белгија, Турција, Македонија и државите од регионот.
извор: МИА