Фестивалот на новиот германски филм започнува денеска и ќе трае до 6 мај, организиран од Германска Амбасада, Гете-институт Скопје, ПроКредит Банка и Македонски Телеком.
Отворањето на 2 мај ќе се одржи во „Кино Милениум“, а останатите денови од фестивалот ќе се одржат во „Кино Фросина“.
„Изминатите години атмосферата во Кино Милениум и Фросина беше буквално европска, неоптеретена, аполитична. Вработените во двете кина не паметат ваква “културна” гужва, а тоа докажува дека Фестивалот на новиот германски филм од својот почеток до сега се разви во настан кој е почитуван од својата публика“, велат организаторите на фестивалот.
Програмата за филмскиот фестивал може да ја проследите тука.
„Сакаме да иницираме дијалог меѓу нашите гости и студентите по драмски уметности, филмските експерти и љубителите на филмот, за да го оправдаме мотото „Сакам филм“ не само од перспектива на публиката. Но, најзначајни се секако филмовите. И овој пат нудиме шарен микс: комедија, драма, трилер, итн., кратки филмови и три прекрасни детски филма“, вели германскиот амбасадор Томас Н. Герберих.
По отворањето во Скопје, Фестивалот патува во кино салите ширум земјата: Кавадарци, Куманово, Гевгелија, Прилеп, Охрид, Радовиш, Штип, Тетово и Битола.
Влезниците можат да се купат на билетарата на „Кино Форсина“ или да се резервираат на [email protected].
А. Петровска