CivilFest
Categories

ПРОЕКЦИИ Започнува Неделата на современиот израелски филм

Вечерва во Кинотека на Македонија, започнува Неделата на современиот израелски филм, која ќе трае до 7 декември, а отворањето вечерва ќе започне со проекција на филмот „Врвки“ од Јаков Голдвасер, со почеток од 20 часот. 

Во наредните денови публиката ќе има можност да ги погледне филмовите: „Нула мотивација“, во режија на Талија Лави, на 4 декември, на 5 декември ќе се прикаже „Спасувајќи го Нета“ на Нир Бергман, на 6 декември ќе има проекција на филмот „Слаткарот“ на Офир Раул Грејзер.

Денот на затворањето на Неделата на современиот израелски филм, на 7 декември, ќе заврши со прикажување на два документарни филма: „На мапата“ на Дани Менкин  и „Сирискиот пациент“ на Рахели Шварц.

Проекциите на сите филмови започнуваат од 20 часот.

„Во годината кога државата Израел слави 70 години од постоењето, таа креација во нејзината кинематографија не случајно се потпира на меморијата. Безбројните наслаги на колективното несвесно низ историјата и митовите на еврејскиот народ и личниот поглед на креаторот како ангажман се потребните состојки на оној амалгам што го посакува секоја култура. Ако за некој народ важи предубедувањето дека ја негува меморијата за сопственото постоење, тогаш тоа е сигурно е еврејскиот народ. Не се потребни многу потсетувања за оваа теза, но дури и еден инстант преглед низ најпознатите филмски наслови на автори од еврејско потекло го потврдуваат тоа“, пишува филмскиот критичар Стојан Синадинов.

А. П.

 

Print Friendly, PDF & Email