Новиот протокол за високообразовните институции за полагање на испити што се усвои од Владата, предвидува задолжитално носење заштитна маска и ракавици, пауза од 20 минути по секој испит, означени места за седење, за писмен испит клупите да бидат наредени во растојание од 2 метри.
„Доколку испитот се полага усно, помеѓу секој термин, односно распоред за усно полагање на испит потребно е да има пауза во траење од најмалку 10-20 минути. Доколку испитот се полага писмено високообразовната установа постапува или ги реди масите/клупите за полагање во просториите/салите, определени за таа намена, кои треба да овозможат најмалку 2 метри оддалеченост меѓу присутните во просторијата, односно студентите и носење заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете“.
Секој факултет ќе треба да одреди лице кое ќе врши дезинфекција, а средства за дезинфекција на обувките и рацете ќе мора да се постават на влезовите, како и едукативни материјали за превенција.
Пропишано е и почесто проветрување на просториите и дезинфекција на предметите кои се користат за испити.