Вечерва продолжуваат протестите под мотото „Ултиматум, НЕ благодарам“, против европскиот предлог, во организација на ВМРО ДПМНЕ и Левица. Според објавената маршрута, протестот ќе започне пред Владата, ќе продолжи преку Мавровка до МНР, и ќе завршат бред Собранието.
На плоштадот Скендербег во Старата Чаршија се забележува засилено полициско присуство, а МВР апелираше до организаторите на протестите да се воздржат од поттикнување инциденти.
„Би сакал уште еднаш да потсетам дека секој јавен собир (протест), согласно закон, мора да биде уредно пријавен. Притоа, освен известувањето за блокадите од 08.07.2022, кое беше доставено како акт до МВР истиот тој ден, иако според Законот за јавни собири треба да се достави најдоцна 48 часа пред почетокот на одржувањето, ниту еден од протестите во изминативе неколку денови не беше уредно најавен и пријавен, туку организацијата течеше преку социјалните мрежи, иницирана и водена од неколку политички партии“, порача министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Д.Т.












