• Latest

Затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад

February 8, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Затвореници од штипскиот затвор штрајкуваат со глад

February 8, 2018 16:02
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Тројца затвореници од штипскиот затвор од денеска започнаа штрајк со глад. В.д. директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров вели дека информацијата која одредени медиуми ја објавија дека во затворот штрајкуваат триесетина осуденици е шпекулација.

Тој за МИА потврдува дека од денеска во овој затвор со глад штрајкуваат вкупно тројца осуденици и тоа од првиот затвореник е од охридско-струшкиот регион, вториот од Скопје, а третиот од Струмица.

Тодоров вели дека осудениот од охридско-струшкиот регион штрајкува за да  биде преместен во струшкиот затвор, бидејќи со Законот за амнестија неговата казна е намалена на три години, со што го исполнува условот да биде префрлен во овој затвор.

Директорот на затворот вели дека барањето се уште не е доставено до Управата за санкции, бидејќи во моментот приоритетно е спроведувањето на Законот за амнестија.

– Откако ќе биде доставено барањето на осуденикот и се добие одговор од Управата, овој осуденик ќе биде префрлен во струшкиот затвор, додека останатите двајца осуденици штрајкуваат заради здравствени услуги коишто неможат да бидат извршени во штипскиот затвор, рече Тодоров.

Во изминатите денови од Затвор Штип, како што додаде Тодоров, со Законот за амнестија пуштени се над дваесет осуденици.


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: затворенициШтипштрсјк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result