• Latest

Заев и Ципрас разгледуваа можна опција за името

May 18, 2018

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
Фото: На 7 мај, Јодл потпиша безусловен „Акт за воено предавање“, Wikipedia

Историски факти: Кога е Денот на победата над фашизмот

May 9, 2025

Ден на Европа: Зачетоци, формирање, значење и одбележување

May 9, 2025

Велика Британија објави нов пакет санкции против Русија кои вклучуваат директори на нафтена компанија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Ципрас разгледуваа можна опција за името

May 18, 2018 07:32
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската унија вчера им даде ново ветување за членство на своите партнери од Западен Балкан, но без најпосакувана награда – датум на пристапување, а средбата на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас беше настан кој го побуди интересот на повеќето медиуми во Софија и за прашањето за името говореа повеќето високи претставници на ЕУ со надеж дека конечно ќе се стави крај на спорот,  јави известувачот на МИА од Софија.

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што се одржа вчера во организација на бугарското претседателство во Софија внесе нова енергија во односите меѓу ЕУ и регионот, 15 години по состанокот во сличен формат, кој се одржа во Солун. Сепак, фокусот не беше на проширувањето, туку на поврзувањето, со цел да се подобри транспортот и дигиталната инфраструктура на регионот и да се олесни соработката.

На маргините на Самитот се одржа средбата Заев-Ципрас, втора тет-а-тет средба по обновувањето на преговорите за решавање на спорот за името, а со која се афирмира досега постигнатото, но конечно решение се уште не е најдено.

Заев и Ципрас во Софија

Премиерите на Македонија и Грција разгледувале можни опции за креативни решенија, а како што информира Заев на прес-конференцијата во Софија една од нив била најприфатлива за двете страни.

– Заедно со премиерот Ципрас разгледавме можни опции за креативни решенија, кои македонската страна ги презентираше во последната фаза од преговорите. Следуваат консултации во двете земји, со релевантните политички фактори, рече Заев.

Заев нагласи дека доколку е можно практично спроведување на тоа решение, тогаш всушност „имаме решение“. Премиерот не прецизираше за какво решение станува збор, ниту директно одговори дали на средбата станало збор за промена на македонскиот Устав.

Заев Софија мала

Македонија се надева дека решение за името ќе се најде пред јунскиот Самит на ЕУ, како и пред јулскиот Самит на НАТО, а Заев посочи дека се надева оти тоа ќе се случи, а во крајна линија доколку не се случи тогаш двете страни ќе продолжат да го бараат.

Ципрас, на прес-конференцијата, што ја одржа на маргините на Самитот, беше повздржан во оценките за тоа дали на повидок е договор меѓу двете земји.

Тој рече дека се разговарало за повеќе опции и оти најповолна опција е онаа која ќе ги опфати сите прашања. Напомена дека во моментов на потег е Заев и додаде дека властите во грчкиот северен сосед имаат многу повеќе да сработат во таа насока.

– Верувам дека имаме поминато голем дел од патот, но има уште да се помине, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на прес конференцијата во Софија и додаде дека се уште не сме во позиција да говориме за договор.

Алексис Ципрас

– Ги разгледуваме чекор по чекор сите детали. Не сме, се уште не сме во позиција да говориме за договор. Ќе постојат и следни чекори, со цел ако е можно повторно да се сретнеме на почетокот на следниот месец, рече Ципрас.

За средбата Заев-Ципрас интерес покажаа и европските лидери. За оваа тема Заев разговарал со претседателот на Франција Емануел Макрон и со канцеларката на Германија, Ангела Меркел.

– Тие го препознаваат лидерството кое го демонстрира Македонија и даваат поддршка за да се јакнат врските меѓу нас и ЕУ, рече Заев.

Макрон и Меркел, но и премиерот на Холандија Марк Руте, премиерот на Австрија Себастијан Курц, премиерите на Шведска и Естонија Стефан Лофвен и Јури Ратас, со кои исто така имаше билатерални средби ја даваат безрезервно својата поддршка и признание за постигнатото, како и охрабрување земјата да опстоиме на европската агенда.

Заев и Меркел

– Нивните пораки се потврда за нашите перспективи. Тоа значи дека членството на Македонија во ЕУ гарантира силни институции и правна држава. Членството во европското семејство за Македонија значи и забрзан економски развој, зголемена мобилност, поврзување и еднакви шанси за младите од Македонија со нивните европски врсници, истакна Заев.

Заев и Макрон

Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан изрази оптимизам дека Македонија и Грција ќе го решат спорот за името. Но, тој не сакаше да дава прогнози за евентуалната временска рамка.

– Секогаш сум оптимист.  И ќе останам оптимист. Двајцата премиери се на добар пат, рече Хан, коментирајќи ја средбата меѓу премиерите.

Во врска со можноста решението да се изнајде до јунскиот самит на ЕУ тој рече дека дотогаш има еден месец и оти се е можно.

За средбата и името говореше и канцеларката Меркел. Таа на завршната прес-конференција на Самитот потврди дека Македонија и Грција постигнале напредок во решавање на името и додаде дека за тоа добила потврда и од Заев и од Ципрас.

– Разговорите меѓу Македонија и Грција напредуваат добро и постигнат е значителен напредок. Прашањето за Македонија е мошне важно, рече германската канцеларка.

Опсегот на употреба и измените на македонскиот Устав остануваат спорните прашања. Грчката страна инстистира на ерга омнес и промена на Уставот, а тоа денеска уште една го повтори грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Промена на Уставот е предуслов  за решение, но и обврска кон владеењето на правото, затоа што Меѓународен договор без уставни измени носи и одговорност за премиерот на соседната земја, смета Павлопулос.

Лидерот на грчката опозициска Нова демократија, Кирјакос Мицотакис кој престојуваше во Софија на Самитот на европските народни партии истакна дека комплетно решение со ерга омнес и уставна промена, се предусловите за договор меѓу двете земји.

Лидерите на Европска унија и земјите членки на ЕУ, во консултација со партнерите од Западен Балкан во Софија усвоија Декларација во 17 точки, со кои е повторена недвосмислената поддршка за европската перспектива на регионот, а исто така се наведени и задачите и принципите што треба да бидат исполнети за време на процесот на евроинтеграција.

еу западен балкан

Усвоен е и Анкес на декларацијата што се однесува на зајакнување на врските и соработката помеѓу ЕУ и Западен Балкан.

– ЕУ ја поздравува заедничката посветеност на партнерите од Западен Балкан на европските вредности и принципи и визија на силна, стабилна и обединета Европа поддржана со нашите историски, културни и географски врски и нашите взаемни политички, безбедносни и економски интереси, се наведува во првата точка на документот.

На Самитот Брисел претстави шест нови иницијативи кои би требало да помогнат во трансформација на регионот, негова подобра поврзаност и околу помирувањето.

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан најави нови поттикнувања за шестте земји на Западен Балкан кои се надеваат на натамошно приближување кон ЕУ.

Брисел планира финансирање на десетина нови проекти поделени во шест групи, а се со цел да се забрза трансформација на регионот, а шестте нови иницијативи се вредни повеќе од стотина милиони евра. Сите земји од регионот ќе добијат поттик во сегментот за јакнење на владеење на правото, вклучувајќи ја тука и цврстата контрола за спроведување реформи. Хан вели дека државата која би влегла во полноправно членство во 2025 година, мора да ги заврши преговорите најдоцна до 2023 година.

Премиерот Заев по прес-конференцијата што ја одржа во Софија замина за Скопје на средба со британската премиерка Тереза Меј, која од Софија замина за Македонија.

Меј на средбата во Владата на РМ истакна дека Британија дава целосна поддршка во решавањето на спорот за името, и порача дека договорот ќе има придобивки и за Македонија и за Грција.

заев меј

– Само неколку месеци по парламентарните избори во Македонија дојде до големи промени. Владата подаде рака кон своите соседи и почна да се ангажира за решение на проблемот со името. Знам дека Македонија е посветена кон ова решение, а таквото решението ќе донесе чисти придобивки и за двете земји. Можете да сметате на целосната поддршка на Обединетото Кралство на овој пат, истакна Меј.

Заев со вицепремиерот задолжен за координација со економските ресори Кочо Анѓушев денеска ќе учествува и ќе има свое обраќање на Виенскиот економски форум, кој ќе се одржи на маргините на Самитот на ЕУ за Западен Балкан во Софија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЗаевпосетаПреговориСофијаТереза МејЦипрас
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ