„Интеграцијата на Република во Македонија во НАТО е наша стратешка определба и не е во спротивност со унапредување на соработката со Руската Федерација“, ијави премиерот Зоран Заев.
„Уште од 1993 година со заедничка декларација во Парламентот Македонија ги има потврдено своите стратешки приоритети. Тоа се ЕУ и НАТО интеграциите, што е и определба на огромното мнозинство над 75 проценти од граѓани на РМ. Интегрирањето на Македонија во ЕУ и НАТО е многу важно за Македонија, но и за целиот регион. Тоа не е спротивно со унапредувањето на соработката со Руската Федерација, затоа што Македонија во своите стратешки цели го има и унапредувањето на соработката со Русија, пред се на економски, културен. образовен план…. Од тој аспект можам да тврдам дека таа е повеќедецениска аспирација на граѓаните на РМ, нешто кон кое се тежнее, кое го посакуваме, кое е важно и за стабилноста и безбедноста на Македонија, но и на целиот регион“, рече Заев на новинарско прашање за предупредувањето добиено од Москва дека членството на земјата во НАТО ќе ги зазгрози безбедноста на Македонија и регионот, како и билатералните односи.
Извор: МИА