• Latest

Заев: Нов почеток за Македонија!

May 17, 2017
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Заев: Нов почеток за Македонија!

May 17, 2017 12:55
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Сите сили ќе ги насочиме да изградиме правда и правна држава, да обезбедиме услови за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија со меѓусебно разбирање, кон почитување на мултиетничноста во државата и Рамковниот договор. На овој начин само ќе ги отвориме вистинските перспективи на граѓаните и на современа, модерна и евроатлантска Македонија“, ијзави мандатарот, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, откако денеска претседателот Ѓорге Иванов, на два дена пред истекот на рокот, му го додели мандатот.

Во кратката изјава за медиумите по доделувањето на мандатот, Иванов изјави дека пречките за формирање на нова влада се отстранети и затоа му го доделува мандатот на Заев, кој го обезбеди потребното собраниско мнозинство, според кое, е определен за мандатар за состав на нова влада.

„Денеска пристапуваме кон исполнување на член 84, алинеја 1 од Уставот на Република Македонија за определување мандатар за состав на Владата на Република Македонија“, истакна Иванов.

https://www.facebook.com/civil.mk/videos/1301844999933966/

По добивање на мандатот, Заев изјави дека заедно со партиите што ги дадоа своите потписи за формирање на мнозинството, ќе се организираат да го скратат рокот од 20 дена што е предвиден за формирање влада и дека ќе се потрудат тоа да го сторат за најмногу 10 дена.

„Се обврзувам дека ќе работам со сите вас, и новата влада ќе биде влада на сите граѓани. Овој ден е нов почеток за Македонија. Сите сили ќе ги насочиме да изградиме правда и правна држава, да обезбедиме услови за квалитетен живот на сите граѓани во Македонија со меѓусебно разбирање, кон почитување на мултиетничноста во државата и Рамковниот договор. На овој начин само ќе ги отвориме вистинските перспективи на граѓаните и на современа, модерна и евроатлантска Македонија“, изјави Заев.

„Ниеден документ, платформа, декларација, акт или дејство, спротивни на погоре наведените ставови не можат да бидат услов, ниту основа за формирање и дејствување на влада на Република Македонија“, стои во  писмената изјава, потпишана од Заев, која денеска му беше предадена на претседателот Иванов.

Заев потсети дека точно пред две години на денешен ден, беше испратена порака од граѓанска Македонија, дека граѓаните се подготвени да работат заедно на демократски вредности, и на решенија кои ги спојуваат, а не кои ги делат.

„Гласот на обединета, шарена Македонија е гласот на единствена Македонија!“, заклучи  Заев.

Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот Јоханес Хан ја поздравија одлуката на Иванов за доделувањето на мандатот на Зоран Заев за формирање на влада.

„Ова е тоа што народот го сака и го заслужува. Ние сме подготвени да ја поддржиме новата влада во своите реформски напори“, се вели во изјавата на Хан и Могерини.

М. Теговска

Tags: Ѓорге ИвановЗоран ЗаевизборимандатМогерининова владаХаншарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ