• Latest

Заев: Повисока граѓанска свест за потребите на Ромите

April 6, 2018
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Повисока граѓанска свест за потребите на Ромите

April 6, 2018 10:51
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

 Повикувам на уште повисока граѓанска свест за потребите на граѓаните Роми во нашето општество. На сите нас, од сите националности и вери, ни требаат и образовни и културни права, но потребен е и достоинствен живот. Меѓу најзасегнатите за посочените прашања се граѓаните Роми, истакна синоќа премиерот Зоран Заев.

Во обраќањето на чествувањето на 8 Април, Меѓународен ден на Ромите во Македонската опера и балет, премиерот, соопшти владината прес-служба, нагласил дека Шуто Оризари е единствената општина во светот каде мнозинството граѓани се Роми и каде ромскиот е официјален јазик, покрај македонскиот јазик.

– Од 2001 година, со направените уставни измени, и Ромите се рамноправен народ во Република Македонија. Се изборивме лани, заедно, за изградба на Република Македонија во едно општество за сите, со еднакви права и должности пред законот. И се почувствував гордо за овие придобивки, со коишто сигурно се гордеете и вие, што не беше лесно ни да се постават како цел, ниту да се дојде до нив, нагласил Заев.

Роми публика

Премиерот потсетил дека се направени првите чекори кон решавањето на горливите проблеми со домувањето, поседувањето лични документи, малолетничките бракови, пристапот до вработувања, до здравствено осигурување, вклученоста на Ромите во културата и образованието. На овие прашања, како што се наведува, посветено работи Министерството за труд и социјална политика, во рамки на централната власт и во соработка со општините и со граѓанските организации.

Заев се осврнал на поважните активности како: инклузија на деца Роми во предучилишни установи, 12 ромски информативни центри кои работат во 12 општини, активна работа на терен за информирање, советување, упатување на граѓаните за остварување на нивните права и обврски во социјалната заштита, здравството, домувањето, вадењето лични документи…

– Важно е политичкото учество на граѓаните Роми во донесувањето одлуки што се поврзани со унапредувањето на нивната положба во Република Македонија. Овој позитивен модел во Република Македонија е пример во регионот. За решавање на приоритетните прашања за граѓаните Роми ги ставивме во функција ресурсите од централниот буџет и донаторските средства. Целиме да постигнеме социјална кохезија и еднаков развој во општеството, посочил Заев. Нагласил дека ги следи сите активности во решавањето на т.н. „ромското прашање“.

На свеченоста присуствуваа претставници на дипломатскиот кор, пратеници и министри од Владата.

Првиот Светски конгрес на Ромите, кој се одржа на 8 април 1990 година, е еден од најважните историски датуми за ромската задница, затоа што со него Ромите добија своја химна и азбука. Со него на Ромите им е загарантирано правото да бидат еднакви во општествата и да ги уживаат сите права, без дискриминација.


Извор: МИА

Tags: 8 Априлденот на РомитеЗаевобраќање
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ