• Latest

Завршна прес-конференција „Квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворените простории“

May 27, 2021

ДИК: Поднесени вкупно 312 листи на кандидати за градоначалници и 575 листи за советници, најмногу за Град Скопје

September 14, 2025
Фото: Фејсбук Орце Ѓорѓиевски

Скопје гори – Орце си тера предизборна кампања

September 14, 2025
Проф. Оливер Андонов (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Хаотично заебавање

September 14, 2025

Вината за пожарите Мицкоски ја гледа кај некои центри на моќ во државата, но и надвор, коишто не сакаат оваа Влада да успее

September 14, 2025
Пожар во Трубарево, 13 септември 2025
Фото: Горан Наумовски

Жителка на Трубарево заврши во болница, директорот на ЦУК, полицаец и војник на домашно лекување

September 14, 2025

Наместо политички спинови, Филипче понуди конкретен кризен план по пожарот во Трубарево, мерките да ги прифатат институциите

September 14, 2025

Обвинителството го истражува пожарот во Трубарево

September 14, 2025

ВМРО-ДПМНЕ обвинува без докази и аргументи: СДС(М) и ДУИ палат депонии – Филипче:Ова е надвор од секој здрав разум, наместо решенија, се нудат политички оправдувања и спинови

September 14, 2025

ЗНМ со насоки за новинарите за безбедно известување од пожари

September 14, 2025

Ангелов: Цел сме на хибриден напад со пожарите – Тошковски: Господ не може да ме убеди дека четири пожари на депонии за три дена се случајност

September 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Завршна прес-конференција „Квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворените простории“

May 27, 2021 16:12
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Аерозагадувањето влијае врз квалитетот на животот кај луѓето, а со подигање на свеста особено кај младите, би се овозможила подобра и поздрава животна средина во иднина, ова беше заклучено на денешната завршна конференција на тема „Квалитет на воздухот и здравствени ризици од загадувањето на воздухот во затворените простории“.

На конференцијата беа промовирани тековни активности во врска со загадувањето на воздухот во затворените простории, односно беа презентирани резултатите од мониторинг кампањата во десетте основни училишта од Општина Карпош, здравствените ефекти од загадувањето на воздухот во затворените простории и препораки како да се подобри квалитетот на воздухот во затворените простории.

Во секое основно училиште биле направени по две мерења, и тоа едно мерење во просек 14 дена и второ во просек седум дена. Се мерел квалитетот на воздухот во ходниците, спортските сали и училниците, со помош на сензори кои овозможуваат симултано мерење.

– Целта на проектот е да се зголеми свеста на јавноста, учениците и наставниците за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта и последиците по здравјето на децата од одредена изложеност на загадениот воздух. Организиравме и едукативни предавања и работилници за 500 ученици за загадувачките супстанци на воздухот и негативните здравствени ефекти од згадување на воздухот, рече Филип Стојановски од „Центар за климатски промени“.

Стојановски заклучи дека е важно и по пандемијата да продолжи повисокото ниво на хигиена по воспитно – образовните установи.

Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, пак, истакна дека општината во континуитет со своите активности овозможува зголемување на зеленилото и прочистувањето на воздухот, а воедно и континуирано ги вклучува учениците во различни активности со цел поттикнување на свеста кај децата од најрана возраст.

– Сите ние зборуваме за квалитетот на воздухот во околината, во населбата, во градовите меѓутоа пандемијата на некој начин не принуди да се фокусираме повеќе и на хигиената и на чистотата, но и на воздухот внатре во просториите каде што за жал поради самата пандемија бевме сите принудени повеќе време да поминеме. Ние како општина сме прилично активни на полето на екологијата и на заштита на животната средина особено во овие изминативе три ипол години, бидејќи тоа беше еден од главните движечки мотори во кампањата во која ја добив можноста да ја предводам општината, и логично беше да се посветиме најповеќе на овие заложби, изјави Богоев.

Дополнително информира дека сите основни училишта во општината се со променети врати и прозорци кои што се енергетско ефикасни, како и дека образовните институции, градинките освен училиштето „Аврам Писевски” во Бардовци се со еколошки системи на ладење и на греење и практично воопшто не загадуваат.

На конференцијата учествуваше и амбасадорот на Австралија во Република Северна Македонија, со седиште во Белград, Рут Карис Стјуарт, која рече дека од проблемот со загадениот воздух се засегнати сите бидејќи како што посочи, квалитетен воздух значи квалитетен живот.

– Сите ќе се согласиме дека квалитетот на воздухот кој го дишеме е клучен за квалитетот на нашите животи. Го поддржавме проектот затоа што се инволвирани децата, се развива нивната љубопитност и желбата да учат, што мислам дека е најважно. Сите знаеме дека едукацијата е многу важна за градење на иднината на едно општество, се надевам дека тоа што го научија сите учесници од овој проект ќе им помогне во иднина донсоно во нивниот понатамошен живот, истакна амбасадорката.

Оцени дека квалитетот на воздухот е глобален предизвик и дека мора сите да делуваме за поздрава и почиста животна средина.

Во рамките на конференцијата беше заклучено дека периодот кога во државава има најголема смртност е воедно и период кога има најголемо загадување и најниски температури, како и тоа дека кога би се достигнале европските просечни вредности на концентрации на честитки во воздухот, би се спасиле околу 530 животи на годишно ниво.

Завршната конференција беше организирана во рамките на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта“ финансиран од Австралиска амбасада во Белград.

СЛОБОДЕН ПЕЧАТ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    155 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Хаотично заебавање

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ