• Latest
Војо Маневски

Заздравување

December 23, 2022

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Заздравување

December 23, 2022 11:04
in СЛОБОДНА ЗОНА
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Уште кога го заглавував текстот почна да ме јаде јанѕа дали логично ќе го завршам. Не дека не можат да се соберат реченици за еден текст, ама некако ме стиска под лажичката од големите теми. За темите што ги мачеле моите предци од почетокот на минатиот век не пишувам, зошто за нив имам само сенки од вечерните семејни дебати. За оние теми низ кои поминале моите родители, па делумно и мојата маленкост, сметам дека имам по нешто и да кажам. Само ме нервира оној завршетокот од зборот – зација.

Ту бре татковци на модерниот македонски јазик, не можевте ли да смислите некое друго правило, па да не мора тој грд завршеток да го имаме секогаш кога треба некоја наша историја или сегашност да ја објасниме?

Арно ама, за наследството многу не се дебатира тоа или се прифаќа или се отфрла како незадоволен наследник. Aлтернативата е долга и непријатна постапка која никогаш не завршува со праведна поделба, туку со основа за идни спорови на кои не им се гледа крајот.

Да нѐ ве давам и да се изјаснам јасно. Поминавме низ електрификација, индустријализација, стабилизација, транзиција и ништо од тоа не реализиравме до крај. Сега правиме ретроспектива како пред оганот на кој се грееле нашите предци и гледаме во искрите што безмилосно се подигаат низ оџакот кон небото, а бараме чаре за излез од состојбата. Да чекаме нов месија кој ќе го земе врз себе товарот на нашите грешки и ќе ни го осветли патот, некако ни е најблиску според менталитетот, ама ни е многу неизвесно. Да избереме некој меѓу нас да нѐ води и да му веруваме не можеме, не затоа што нема таков, туку затоа што ние никогаш никому жив не сме му верувале, па ни сега не веруваме на никој. На покојните им подаруваме верност и доверба, знаејќи дека од нив можеме да си правиме мит, кој не мора да е вистинит, ама така ни е најугодно.

Сега кога заглавивме со другите, а најмногу со себе, мора да ги развееме маглите од мислите и пеперутките од стомакот и да побараме некои изведливи постапки кои ќе донесат понадежни резултати.

Значи, да правиме онака како што правел светот кој еднаш врвел по истите патеки по кои сега ние врвиме. Да престанеме да чекаме месии, да бараме харизматични водачи и застануваме под нивните барјаци, туку да си ја земеме сопствената судбина во раце и да се вклучиме во процесот на избор на наши претставници во највисоките органи, а потоа да ја сносиме одговорноста за сопствениот избор, па дури тоа да е под маглата на емоциите кои тогаш нѐ притискале. Звучи едноставно како и секоја прагматична работа, ама токму таа е најтешка.

Да започнеме со процес на ЗАЗДРАВУВАЊЕ на партиите можеби со новиот термин ќе ни се посреќи, кога демократизацијата ни оди тешко. Според сите анализи на домашните и странски аналитичари, па дури и во новогодишното обраќање на претседателот Пендаровски, проблемот лежи во функционирањето на нашиот политички систем, а пред сѐ во политичките партии. Начинот на нивното функционирање доведува до поделба на општественото ткиво по разни основи. Институциите на системот не можат да си ја извршуваат уставната и законската улога поради партизацијата. Корупцијата е само логичен след на ваквите состојби, а таа ја руши државата како заедничка рамка на сите граѓани. Последиците ги живееме сите и сите сме во постојано исчекување на нивното влијание врз секој од нас. Чекаме, чекаме, а времето не е за чекање.

Сѐ ова го напишав не како некаков предновогодишен вовед во длабокоумни анализи на изминатата година. За таквите писанија има поумни од мене, а јас само како новинар кој некогаш слушаше од постарите исполнители на новинарската должност, дека задача ни е да поттикнеме општествена дебата за најважните теми за општеството. Еве како мислам да ја извршам таа задача.

Група на македонски интелектуалци кои имаат и партиско искуство во различни партии започнале дебата околу конкретни предлози за внатрешна демократизација, или како што го нарекле проектот ,„заздравување“ на партиите.

Мојот текст за потребата од нов закон за политички партии кој ќе биде ослободен од празните декларативни заложби за демократија и слобода на секој поединец го разбрале како јавен повик за делување. Нивните предлози нека ги обнародат на начин на кој сметаат дека е најприкладен, а јас само ќе вклопам во моите текстови делови за кои сметам дека треба да добијат поголемо внимание.

Да не звучи мојот текст како цртаниот филм од пред половина век за Жолтко и Лутко, а денес како маркетиншки трик за зголемена читаност ќе го завршам со едно мое искуство од партиско делување.

Во просториите на некогашната железничка станица на влезот од Штип се одржуваше партиски состанок. Студено јануарско време, некаде околу „сурова“ година и збиеноста на учесниците на партискиот состанок дава дополнителна топлина.

Седам некаде во последниот ред и се обидувам да слушнам што големиот партиски преставник има да каже. Човекот пред мене кој според изгледот го надминал бројот на годините над половина век, ја наткривил главата некако токму пред камерата на мојот колега. Како загрижен колега го потапкав по рамото да го замолам да се помести од пред окото на камерата. Човекот како да го разбудив од концентрацијата кон говорот, па налутено се вртеше кон сите страни на светот. Кога го утврди правецот на нападот врз неговиот идентитет замаглено ме погледна и како партиско соопштение ми издекламира:

„Што ме закачаш бе другар, на куверенција сум?“.

Знам дека ова не е егземплар за слушателите на говорите на партиските апаратчици, ама како мал придонес кон опишувањето на партиските состаноци секако не е на одмет. Ако не користи нема да е на штета во дебатата за нужната демократизација или поточно заздравување на партиите.

Tags: законколумнаполитикаполитички партии
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ