• Latest

„Зборува Скопје“ – четиридневна манифестација за одбележување 55 години од земјотресот

July 19, 2018
Скриншот од видео на ВВС

Нова политичка реалност во САД: изборите во Њујорк покажуваат инклузивност и промена во политичката култура

November 5, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (1): Виц што не е виц – дедо и внук во спротивни „изборни“ улоги

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

Хоџиќ: Мамдани победи во битката за Њујорк, но му даде надеж на светот!

November 5, 2025

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Зборува Скопје“ – четиридневна манифестација за одбележување 55 години од земјотресот

July 19, 2018 11:32
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Со дваесетина културни настани на неколку локации, Град Скопје ќе ја одбележи 55-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Програмата насловена „Зборува Скопје“ во четири дена ќе ја обедини ликовната, театарската, филмската и мултимедијалната уметност и граѓански активизам концептуално поврзан со земјотресот, но и со културната историја на метрополата.

Манифестцијата ќе почне в понеделник, 23 јули, кога од 20 часот на источната страна на Музејот на Град Скопје ќе бидат откриени вратените букви од пораката на Јосип Броз Тито.

– Пораката која долго беше сведок на историската солидарност што Скопје ја доби од светот по разорниот земјотрес, и беше препознатлив нераскинлив дел од Музејот и градското јадро, повторно ќе се врати на своето место. Овој настан симболично наречен „Солидарноста се враќа дома“ ќе биде проследен со активности во Музејот на град Скопје, соопшти Град Скопје.

Настаните во рамки на манифестацијата во четирите дена ќе се одржуваат во Музејот на град Скопје, Графити галеријата во ГТЦ, Културно-информативниот центар, Музејот на современата уметност, платото пред Младинскиот културен центар.

Скопје програма 2

„Тивка реконструкција на земјотресот“, перформанс на Билјана Радиноска, и „Сонува Скопје“, краткометражен филмски колаж на Дина Дума, се дела на нашите млади уметници што ќе бидат дел од централниот настан на 25 јули што ќе се одржи во Графити галеријата на ГТЦ,  Потоа ќе следува концертот „Разговор со смисла“ на Mammoth & Yashem, настап во живо на Тодор Караколев и затворен џем сешн со музичари од новата скопска сцена. Освен визулено изненадување за посетителите, со овие настани сакаме да ја потенцираме и архитектонската важност на ГТЦ за градот Скопје и да го вратиме урбаниот дух во централното градско подрачје, наведува Град Скопје.

Организацијата на жените на Град Скопје ќе ja одбележи 55-годишнината со поетско читање, а на 26 јули со почеток во 5:17 часот, времето кога се случил земјотресот, граѓаните ќе бидат потсетени на трагичниот настан со аудиоакција на пет различни локации низ градот, во организација на Група урбани уметнички акции и Центар за современи уметности.

Традиционално ќе се одржи и крводарителската акција, а организациски одбор ќе положи цвеќе пред споменикот на загинатите во земјотресот на градските гробишта во Бутел.

Здружението за волонтерско работно и едукативно ангажирање акцијаши на територијата на општина Гази Баба ќе организираат работни акции во периодот од 23-ти до 28 јули, како и богата едукативна културна програма во акцијашкиот камп во студентскиот дом „Стив Наумов“.

– „Зборува Скопје“ ги повикува граѓаните заедно да ги проследиме настаните, да се потсетиме на трагедијата која го разори нашиот град, и да упатиме порака дека не сме ја заборавиле поддршката што пред 55 години ја добивме од целиот свет и дека го сакаме нашиот град, неговата култура и уникатната урбаност која ќе ја негуваме во иднина, истакнува Град Скопје во најавата на програмата. (МИА)

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ