• Latest

Зелен поимник: Што е еднаквоста?

September 30, 2021
Скриншот од видео на 13newsnow.com

Гласачките места се затворени во Вирџинија – CBS и CNN проценуваат победа на демократката Спанбергер

November 5, 2025
Скриншот оd видео на CNN

Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

November 5, 2025

Репортери без граници: Непријателите на слободата на печатот во 2025 година

November 4, 2025
Скриншот ов ВВС

Главните кандидати, Мамдани и Куомо гласаа на клучните избори за градоначалник на Њујорк – ран тест за претседателството на Трамп

November 4, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп го поддржува независниот Куомо за градоначалник на Њујорк и се заканува дека ќе го намали финансирањето ако победи Мамдани

November 4, 2025

Гаши најави нов Изборен законик кој би се донел на консезуален начин

November 4, 2025

Судот во Бања Лука бара појаснување од ЦИК за статусот на Додик во неговата партија СНСД

November 4, 2025
Скриншот од Фејсбук видео на  Централната команда на САД

(ВИДЕО) Централна команда на САД: Оперативци на Хамас ограбуваат камион со помош – дел од хуманитарен конвој за Газа

November 4, 2025

Европската комисија во својот извештај посочи дека Северна Македонија изминатава година не презела „решителни чекори“ за напредок во преговорите за членство и се уште не ги усвоила уставните измени

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е еднаквоста?

Еднаквоста на граѓаните во едно општество претставува политички принцип и социјален идеал, основна вредност, но и императив, според кој граѓаните, покрај тоа што имаат исти социјални, политички, граѓански, економски права, неопходно е да имаат и исти можности за пристап до општествените добра и природните ресурси.

September 30, 2021 15:23
in ЗЕЛЕНИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

На прашањето: „Дали сме сите исти?“, одговорот е секако: „Не.“ Се разликуваме по многу основи: пол, возраст,  националност,  раса, степен на образование, религија, социјален статус…На различностите им нема крај.

Но, она што ги дефинира современите демократски општества се определени принципи и вредности (иманентни за сите човечки суштества)  кои важат за сите, по принципот на еднаквост. Принципот на еднаквост во остварувањето на човековите права е модерно достигнување на меѓународната заедница.

Во историјата на политичката мисла, може да се забележи дека терминот еднаквост за прв пат бил употребен во Американската декларација за независност од 1776 година  (каде ставот дека сите човечки суштества се создадени еднакви, се наведува како очигледна вистина), а потоа и во Француската декларација за правата на човекот и граѓанинот од 1789 година (во која се наведува дека луѓето се слободни и еднакви во своите права).

Идејата за еднаквост ја следи  и Универзалната декларација за човекови права на Обединетите нации од 1948 година, која почива на претпоставката дека  „сите човечки суштества се раѓаат слободни и еднакви по достоинство и права.“  Усвојувањето и прокламирањето на декларацијата, го означува почетокот на имплементација и интернационализација  на принципот на еднаквост, кој понатаму е издигнат  на највисоко ниво на човековите  вредности.

Еднаквоста на граѓаните во едно општество претставува политички принцип и социјален идеал, основна вредност, но и императив, според кој граѓаните покрај тоа што имаат исти социјални, политички, граѓански , економски права, неопходно е да имаат и исти можности за пристап до општествените добра и природните ресурси.

Денес, почитувањето на принципот на еднаквост во остварувањето на човековите права, не е само морална, туку и политичка и правна (поддржана со законска регулатива) обврска на секое демократско општество.

Еднаквоста значително влијае на чувството на луѓето за  неподреденост  и немаргинализираност. Таа го поддржува и одржува човековото достоинство, а на луѓето им овозможува да не се чувствуваат како граѓани од втор ред или како граѓани кои се дистанцирани од заедницата, поради некоја своја особеност. Наместо исклучување, еднаквоста овозможува вклучување во општествениот живот.

Нееднаквата позиција и улога во општеството, кај луѓето создава  чувство на отфрлање, што понекогаш резултира со екстремни активности и однесувања. Нееднаквоста може да иницира демонстрирање сила и вршење насилство, кое добива шанса за толерирање во рамките на општеството. Наспроти тоа, еднаквоста ја поттикнува надежта и вербата на луѓето во функционирањето на заедницата.

Заштитата и остварувањето на човековите права е една од најсложените и најчувствителните задачи во рамките на општествените заедници. Вистинско признавање на човековите права постои доколку е овозможена  нивната реализација по принципот на еднаквост, слобода, недискриминација и толерантност.

Долгата историја на постоење на различни форми на обесправување,  укажува на тоа дека процесот на признавање и заштита на човековите права и слободи не е завршен. Составен дел на демократијата е толерантноста и таа мора да постои во сите нејзини форми: политичка, верска, национална, сексуална и многу други.

Демократските општества подлежат на континуиран развој низ различни процеси, кои претпоставуваат строго почитување на основните човекови права, со забрана за дискриминација по било која основа.

 

Линкови:

https://www.un.org/en/about-us/universal-declaration-of-human-rights

https://www.enciklopedija.hr/

https://nsp-ie.org/igualdad-393

https://voxfeminae.net/pravednost/teorijska-citanka-kako-se-ideja-jednakosti-mijenjala-kroz-povijest/

https://www.fpn.bg.ac.rs/wp-content/uploads/Socijalna-demokratija-u-Evropi-i-koncept-Dobrog-dru%C5%A1tva_0.pdf

https://hr.wikipedia.org/wiki/Egalitarizam

https://filozofskitekstovi.wordpress.com/tag/jednakost/

https://sr.m.wikipedia.org/sr-el/

https://hrcak.srce.hr/100288

 

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    178 shares
    Share 71 Tweet 45
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ