• Latest

Зелен поимник: Што е социјална правда?

September 19, 2021
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелен поимник: Што е социјална правда?

Стремежот кон социјалната правда претпоставува општествена солидарност и подготвеност индивидуалните желби, потреби и копнежи да се подредат на заложбите за социјална еднаквост и поправеден однос кон животната средина, на пример.

September 19, 2021 16:54
in ЗЕЛЕНИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Подготви: НАТАША МАЛИНКА МИНОВСКА

Несомнено е дека правдата е една од највисоките општествени вредности, во сите цивилизирани заедници. Истовремено, може да се каже дека таа е и општествен идеал, најважна цел кон која се стреми секое современо, демократско и организирано општество. Но, што значи поимот социјална правда, кој е речиси секојдневно употребуван во општествено-политичките дискурси?

Социјалната правда претставува еднаков и праведен однос помеѓу поединецот и општеството, определба за  еднакво достоинство и еднакви можности за живот. Таа не е само етички императив, туку и темел на стабилноста и глобалниот просперитет.

Суштината на актуелното сфаќање на социјалната правда се однесува на концептот, според кој поединецот има еднакви права и еднакви економски, политички и социјални можности. Најважната улога на државата е да обезбеди благосостојба и права на сите свои граѓани, без оглед на општествениот слој на кој што му припаѓаат (сиромашни или богати).

Социјалната правда претпоставува обезбедување еднакви услови и еднаква можност за праведна распределба на општествените ресурси, врз основа на четирите принципи: еднаквост, праведен надомест според учинокот, праведно задоволување на потребите и принцип на еднаква можност.

Рамноправниот пристап и еднаквата можност за одлучувањето и учествување во политичкиот, економскиот и културниот живот, е предуслов за економски просперитет на државата  кон кој, сите придонесуваат и имаат своја корист. Тоа е тесно поврзано со почитување на човековата личност, човековите права и слободи, еднаквост на сите.

Сето тоа е поврзано и со човековата (општествената) солидарност, хуманистички идеал, кој подразбира поврзаност, воспоставување односи на заедништво, надополнување, меѓусебна зависност, помош и  поддршка.

Стремежот кон социјалната правда претпоставува општествена солидарност и подготвеност индивидуалните желби, потреби и копнежи да се подредат на заложбите за социјална еднаквост и поправеден однос кон животната средина, на пример.

Социјалната правда ги  третира заемните права и должности на општествените групи и нивните членови и во однос на општото добро, кое што се однесува на она што е заедничко и корисно, погодно и достапно за сите членови на заедницата.

Значењето на оваа тема и нејзиниот интернационален карактер, се потврдува  со резолуцијата на Обединетите нации донесена на 62 заседание на Генералното собрание во ноември 2007 година, со која 20 февруари е прогласен за Меѓународен ден на социјалната правда.

,,Социјалната правда е можна единствено во општествата каде што се почитуваат сите човекови права и темелни слободи”- се нагласува во резолуцијата на Обединетите нации. Целта на одбележувањето на овој ден е поддршка кон напорите за искоренување на сиромаштијата, обезбедување на достоинствена работа, рамномерен пристап до општествените добра, рамноправност на половите, постигнување на социјална сигурност и правда за сите.

Дел од глобалните прашања на агендата на Обединетите нации, извор: веб-страница на ООН

Сите членки се согласни со констатацијата дека социјалниот развој мора да се темели на правда, солидарност, склад и еднаквост помеѓу сите земји и во секоја од нив, а социјалната правда, еднаквост и праведност ги сочинуваат темелните вредности на општествениот живот. Економскиот раст нужно треба да промовира праведност, социјална правда, егзистенција за сите во општество кое е ориентирано кон правда и почитување на човековите права и слободи.

Државите членки се согласни дека одбележувањето на овој ден би можело да придонесе за дополнително зацврстување на напорите на меѓународната заедница за искоренување на сиромаштијата, да ја зголеми грижата  за достоинство на работата, еднакви можности и праведен пристап до општествените добра и правда за секој човек.

 

Линкови:

https://www.un.org/en/observances/social-justice-day

https://www.un.org/development/desa/dspd/international-days/world-day-of-social-justice.html

https://ec.europa.eu/info/strategy_hr

http://www.udruga-institut.hr/20-veljace-svjetski-dan-socijalne-pravde/

https://www.novazemlja.com/svjetski-dan-socijalne-pravde/

https://sr.wikipedia.org/sr-el

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ