• Latest

Зелена агенда на Западен Балкан: Северна Македонија уште ќе чека на Законот за климатска акција

August 9, 2023
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелена агенда на Западен Балкан: Северна Македонија уште ќе чека на Законот за климатска акција

August 9, 2023 13:06
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во согласност со амбицијата на ЕУ да стане климатски неутрална до 2050 година, Западен Балкан исто така се обврза да постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да се усогласи со клучните елементи на Европскиот зелен договор со одобрување на Зелената агенда за Западен Балкан (GAWB) на Самитот во Софија во 2020 година, а потоа и Акциониот план GAWB, на Самитот во Брдо во октомври 2021 година.

Регионалниот совет за соработка го координираше процесот на изготвување на Декларацијата и Акциониот план за Зелената агенда на Западен Балкан, врз основа на интензивни консултации со сите засегнати страни, за да се идентификуваат конкретни чекори, организации и структури за поддршка и индикативна временска рамка за секоја мерка што треба да се спроведе.

Главната цел е да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година и да се усогласи со клучните елементи на Европскиот зелен договор. Целите се чистење на изворите на енергија и заштита на климата, премин кон циркуларна економија, борба против загадувањето на воздухот, водата и почвата, градење одржливи системи за земјоделство и храна и заштита на биодиверзитетот и екосистемите.

Акцискиот план на GAWB предвидува 58 акции и 7 патокази за имплементација кои се фокусирани на: климатска политика, одржлива енергија, одржлива мобилност, циркуларна економија, борба против загадувањето, одржливо земјоделство и снабдување со храна и заштита на природата и биодиверзитетот. Меѓу другото, Планот предвидува усвојување на целите на енергетската и климатската политика до 2030 година, кои вклучуваат цени на јаглеродот, планови за постепено укинување на јагленот, контрола на загадувањето, заштита на природата и биолошката разновидност, регионална интеграција и индикативна временска рамка за усогласување со Систем за тргување со емисии на ЕУ од 2024 година.

Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, а зелените политики во измината година ги води во правец на обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници), инвестирање во зелени бизниси и подготовка на Закон за климатска акција.  Нацрт-предлог Законот за климатска акција е во постапка, а во него ќе бидат уредени воспоставувањето на рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени. Министерството за животна средина и просторно планирање за неговата достапност извести на 31 јули 2023.

Законот за климатска акција своите почетоци ги има од 2019 година, а пред пратениците во Собранието требаше да се најде во 2021 година. Една од причините беше и усогласувањето и адаптирањето на решенијата на национално ниво со новата ЕУ регулатива во 2022 година. Усвојување на законот редовно бара и Европската Комисија преку своите Извештаи за реформскиот напредок на земјава.

„Во септември 2021 година беа донесени Долгорочната стратегија за климатска акција и нејзиниот акциски план. Неколку документи беа изготвени како алатки за поддршка за спроведувањето на ревидиран Национален  придонес за климатски промени. Продолжи работата за ажурирање на инвентарот на стакленички гасови, како и активностите за развивање платформа за следење, известување и верификација. На 31 мај беше донесен Националниот план за енергија и клима. Останува да се донесе Законот за климатска акција. И покрај преземените заложби капацитетот во однос на човечки и на финансиски ресурси останува слаб“, се вели во последниот извештај на ЕУ за Северна Македонија за 2022 година.

Б. Ј. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ