ЗЕЛЕН БРИФИНГ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска во 9,45 часот во Градскиот парк, Скопје, ќе одржи зелен брифинг, како дел од новата иницијатива – „Министерството за надворешни работи станува зелено“, во рамките на проектот „Зелена дипломатија – новото нормално“.
8 СЕПТЕМВРИ Во 11 часот ќе се одржи онлајн брифинг со портпаролите на Владата, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на тема активностите за свеченоста по повод Денот на независноста – 8 Септември.
ПОПИС Државниот завод за статистика ќе одржи прес конференција во 9,30 часот по повод отпочнувањето на Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021.
ПРЕС Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе се обрати на прес конференција во 11 часот.
МУЛТИМЕДИЈА Вечерва во 21 часот во Куршумли „ Мултимедијална летна ноќ“, во рамки на одбележување на 30 години независност на нашата држава.
Дел од најавите се од сервисот на МИА.
Редакцијата ги повикува граѓанските организации и други заинтересирани субјекти да ги испраќаат своите соопштенија, најави за настани и активности, секој ден, најдоцна во 8 часот наутро, за да се најдат во утринскиот преглед на најави на нашата медиумска платформа. Се разбира, прилозите пристигнати по тој термин, исто така, ќе бидат земени.