• Latest

Зелената агенда ќе донесе добробит за сите, Министерката Петровска со осуда на руската агресија, на Европа ѝ се заканува недостиг од вода

August 25, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Зелената агенда ќе донесе добробит за сите, Министерката Петровска со осуда на руската агресија, на Европа ѝ се заканува недостиг од вода

August 25, 2022 16:03
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Зелените вредности и урбанизмот – инвестицијата во зелениот урбанизам предизвик за здраво и хумано живеење

При развој на модерните општества и цивилизации, и во тој контекст со човечката самореализација, преку доминација и искористување на природата, извесен период, особено во 60-те години, се појавила потреба да се препознаат првите еколошки кризи, односно да се препознае фактот дека треба да се работи на јакнење на еколошката свест. Во таа насока преку еден холистички пристап, во тој процес на мислење и акција се јавила и потребата за втемелување и промовирање на нешто што е наречено зелени вредности, каде освен зелените политики влегуваат слободата, демократијата, владеењето на правото, антидискриминација, социолошката правда, трансформацијата на општеството која ќе биде во корист на сите, економската и социјалната благосостојба, како и негување на разновидноста на природниот свет.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Петровска: Единствената погрешна одлука во целиот изминат период беше руската агресија врз Украина, а одлуките за помош и поддршка на Украина беа за да и се помогне на земјата која беше нападната да се одбрани“. 

Министерката Петровска истакна дека Северна Македонија ја осуди оваа агресија од самиот почеток, и додаде: се приклучивме на санкциите кон Русија и донесовме три одлуки за воена помош за одбрана на Украина, на нејзино барање, но и со согласност и став од Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, дека овие донации кои ќе бидат транспарентно објавени кога ќе има услови за тоа, никако не влијаат на борбената готовност на Армијата.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руските сили ги распоредија своите вооружени транспортери на само 60 метри од реакторот 5 на нуклеарната централа Запорожје, стои во извештајот на британското Министерство за одбрана.

„На 21 август 2022 година, снимките покажаа дека Русија има засилено воено присуство на локацијата, со оклопни транспортери распоредени на 60 метри од реакторот број пет. Руските трупи веројатно се обидувале да ги сокријат возилата паркирајќи ги под надземни цевки и порти“, се вели во извештајот.

*

Секретаријатот на ОН е подготвен да ја поддржи секоја мисија на МААЕ од Кијив до нуклеарната централа Запорижја, објави генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш на Твитер.

„Останувам сериозно загрижен за ситуацијата во и околу Нуклеарната централа во Запорижја. Секретаријатот на ОН е подготвен да ја поддржи секоја мисија на МААЕ од Кијив до централата“, напиша тој.

.*

Најмалку 98 лица загинаа во речиси 500 напади врз здравствени институции во Украина од почетокот на руската инвазија, објави Светска здравствена организација (СЗО). Шефот на европскиот оддел на СЗО, Ханс Клуге, ги оквалификува тие напади како неприфатливи.

*

Жителите на привремено окупираните области на Херсонската област ги нарушуваат подготовките на окупаторите за таканаречените референдуми за пристапување кон Руската Федерација

„Во регионот Керсон, локалниот отпор ги спречува Русите да преземат организациски мерки за да подготват лажна демонстрација на волја. Руската окупаторска администрација не успева да го подготви псевдореферендумот што го закажаа за 11 септември“, објави Оперативната команда „Југ“ на Фејсбук.

*

Во текот на ноќта во четвртокот, 25 август, руските трупи продолжија со гранатирање на регионот Днипропетровск, при што осум лица, меѓу кои три деца, беа повредени во областа Синелников.
објави Шефот на регионалната воена управа на Днипропетровск, Валентин Резниченко на Телеграм.

„Руската армија гранатираше четири области – Синелникове, Никопол, Криви Рих и Днипро“, се вели во извештајот.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИСТРАГА Николај Димитров, адвокатот на дел од семејствата на загинатите и повредените патници од автобуската несреќа на Беса транс на автопатот Струма во Бугарија, изјави дека увидот на теренот е веќе започнат. Експертскиот тим го започнал увидот на три километри од автобуската несреќа и целта е да покаже дали има причинско-последични околности кои довеле до несреќата.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ Во врска со прес конференцијата на еден од синдикатите во МВР, ја известуваме јавноста дека за сите вработени во Министерството за внатрешни работи се уплатени придонесите во законски утврдените рокови, но настанат е проблем при пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос, соопштуваат од МВР.

САЈБЕР БЕЗБЕДНОСТ Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска денеска одржа редовен онлајн координативен состанок на кој учествуваа министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, претставници од естонската Академија за е-Владеење (e-GA) и УСАИД во Северна Македонија, како и претставници од Агенцијата за електронски комуникации, кои работат на проекти поврзани со сајбер безбедноста во земјата, информираат од Владата.

СКРИНИНГ Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска одржа координативен состанок со претставниците на граѓанскиот сектор, пред кои го објасни процесот на скрининг и даде краток осврт на тековните активности на Секретаријатот за европски прашања во пресрет на подготовките за скрининг состаноците, кои започнуваат за три недели, информираат од СЕП

ЗЕЛЕНИ Изградбата на соларни полиња и користењето на сончевата енергија за производство на струја е еден од најефикасните начини земјава да ја намали зависноста од увоз на струја. Енергертската криза која нè очекува уште еднаш нè потсети колку земјата заостанува во искористувањето и инвестициите во алтернативните извори на енергија, особено сонцето кое го имаме во изобилие. Најновите олеснувања на постапката за поставување на фотоволтаици го разбудија интересот на инвеститорите, но експертите предупредуваат дека не смее да се дозволи тоа да донесе повеќе проблеми отколку бенефит. Од тие причини мора точно се дефинира која земја смее, а која не, да се употреби за изградба на соларните полиња.

НЕДОСТИГ НА ВОДА Новата анализа на Светската организација за заштита на природата (WWF) проценува дека 17 отсто од населението во Европа и 13 отсто од неговиот бруто домашен производ (БДП) би можеле да се соочат со високи до екстремни ризици од недостиг на вода до 2050 година. Таа ситуација би можела да се избегне доколку владите и компаниите не преземат итни мерки за зајакнување на отпорноста на општествата и економиите, особено преку решенија засновани на природата. Новата анализа на WWF дава јасна слика за регионите кои се изложени на најголем ризик од недостиг на вода.

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Владата денеска се очекува да донесе одлука за прогласување на кризна состојба за електричната и топлинската енергија која ќе важи од 1 септември. Од почетокот на септември стапуваат на сила и мерките за штедење на електрична енергија кои ќе важат до крајот на март следната година. Надлежните институции уверуваат дека струја ќе има во престојниот зимски период и дека рестрикциите не се опција ако се оди според планот на Електростопанство на Северна Македонија. Компанијата, како што неколкупати досега изјави генералниот директор Васко Ковачевски, работи со максимален капацитет и во функција ќе бидат ставени сите расположливи капацитети.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ