• Latest
Зелени политики Северна Македонија

Зелените политики на Северна Македонија во 2023 година: Зелена трансформација преку циркуларна економија и обновливи извори на енергија

January 10, 2024
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕН ЦИВИЛ

Зелените политики на Северна Македонија во 2023 година: Зелена трансформација преку циркуларна економија и обновливи извори на енергија

January 10, 2024 13:20
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Зелени политики Северна Македонија
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија е дел од Зелената агенда за Западен Балкан, а зелените политики во измината година ги води во правец на обновливи извори на енергија (фотоволтаици, ветерници), инвестирање во зелени бизниси и подготовка на Закон за климатска акција.

Во тој поглед 2023 година беше значајна за Нацрт-предлог Законот за климатска акција, кој до крајот на годината остана во постапка иако беше достапен од 31 јули, но не влезе во собраниска процедура за гласање. Според последните информации од Министерството за животна средина и просторно планирање тој не испратен до Собранието. Самиот закон предвидува уредување и  воспоставување на рамка за климатска акција за намалување на емисиите на стакленички гасови во атмосферата и отстранување по пат на природни и други апсорбенти, како и адаптација кон климатските промени.

Повеќе успех се постигна во инвестирањето во обновливи извори на енергија. Трендот на инвестиции во обновливи извори на енергија во Северна Македонија дополнително се забрза во 2023 година, во споредба со рекордната 2022 година.

Оценка на Европската комисија за 2023

Оценката за Кластер 4 , за Зелена агенда и одржлива поврзаност, во последниот извештај на ЕК за напредокот на земјата за 2023 година, е дека Северна Македонија има добро ниво на подготвеност во трансевропските мрежи и одредено ниво на подготвеност во однос на животната средина и климатските промени. Земјата е умерено подготвена во однос на транспортната и на енергетската политика со одреден напредок во енергетиката, особено во однос на регионалните гасни интерконекции и обновливите извори на енергија.

Во претстојниот период земјата треба да го забрза спроведувањето на Економскиот и инвестициски план и на Зелената агенда за земјите од Западен Балкан, се вели во Извештајот.

Зелени политики на Зелен ЦИВИЛ и ЦИВИЛ

Токму поради важноста на зелената транзиција и важноста на Зелената агенда на Западен Балкан за Северна Македонија, ЗЕЛЕН ЦИВИЛ се посвети на актуелизирање на две клучни аспекти од Зелената агенда:

  • напуштање на линеарниот економски модел и премин на модел на циркуларна економија со нула отпад преку придонесување за одржливост.
  • Капацитетите на државата, институциите и општеството за спроведување на Зелената агенда (креирање платформа за широка дебата за клучните зелени прашања).
  1. Недела на Циркуларна економија

Недела на циркуларната економија на Западен Балкан се оддржа од 22-26 мај, 2023 година. Со сеопфатната тема „Партнерство за циркуларност“,се одржаа низа паралелни низ повеќе земји од Западен Балкан, вклучувајќи голем број на заинтересирани страни и учесници. Оваа единствена регионална иницијатива на ЛогЕкс ( LogEx) заедницата – формирана од Балкан Форум  – има за цел да го револуционизира пристапот на Западен Балкан кон одржлив развој, преку промовирање на практики на циркуларната економија. Со здружување на различни актери, вклучувајќи ја и академијата, граѓанските организации, медиумите, бизнисот и експертите, Неделата на циркуларна економија има за цел негување на соработка и поттикнување значајни промени во регионот.

Настанот „Партнерство за циркуларност“ претставуваше значајна пресвртница за регионот на Западен Балкан. Продолжува да негува соработка и споделување знаење меѓу различните засегнати страни. Претставува дополнителна можност за поттикнување позитивни промени и создавање на подобро утре за Западен Балкан и пошироко.

Зелен ЦИВИЛ/ЦИВИЛ спроведе низа активности за време на Неделата на циркуларна економија, вклучувајќи и конференција насловена „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“ на 23 мај, објавување и промоција на публикација со истиот наслов, како и интензивна медиумска продукција. Медиумскиот тим на Зелен ЦИВИЛ продуцираше два документарци за успешни бизниси кои вклучуваат модели на циркуларната економија во нивната работа.

  1. Зелен форум

Зелената агенда, еколошките прашања и одржливиот развој се неизоставен дел од политичките
програми и дел од пи-арот на институциите на државно и локално ниво. Последниве години,
фокусот на пошироката јавност, медиумите, граѓанското општество, па и академската фела е
насочен кон оживување на темите поврзани со зелените прашања, нивно разбирање и
промовирање.

Проектот „Зелен форум“ на Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ – Центар за
слобода) обезбеди платформа за дебата за клучните зелени прашања. Проектот идентификува
голем број позитивни и негативни социополитички фактори што се однесуваат на зелената иднина
на земјата.

Проектот вклучи голем број познавачи на зелените прашања, политичари, носители на одлуки и
професионалци од редовите на организациите на граѓанското општество и медиумите. Воедно,
тимот на ЦИВИЛ работеше на систематизирање на претходните искуства и истражувања, земајќи
ги предвид и излагањата на учесниците на панел дискусиите на Зелен ЦИВИЛ.

Искусните аналитичари во состав на организацијата формулираа препораки и врз основа на континуираното следење и анализи на тековните состојби поврзани со зелените прашања, вклучително и
компаративни анализи со светските трендови.

Зелен ЦИВИЛ ги утврди и приоритетите во кои различните засегнати страни и ентитети кои носат одлуки треба да ги зајакнат своите капацитети, а плановите да ги усогласат со реалните можности, но и со стандардите на ЕУ: Енергетската трансформација кон обновливи извори, енергетската ефикасност, регулација на отпад, земјоделие, стратегија за климатски акција, загадувањето на воздухот, почвите и водите, железничката инфраструктура / јавен транспорт и примена на циркуларна економија.

*

Сите активности што ЦИВИЛ и ЗЕЛЕН ЦИВИЛ ги спроведуваат во контекст на зелените прашања и теми, се споделени преку социјалните мрежи, односно Фејсбук страниците Green CIVIL, CIVIL.MK, YouTube каналот на ЦИВИЛ, како и преку веб страниците greencivil.mk, специјализирана страница за промовирање на зелените вредности и зелените политики, медиумската платформа на ЦИВИЛ и на Твитер профилите GreenCivil и CivilMacedonia со цел да се постигне што е можно поголема видливост на содржините и промоција на зелените вредности и политики во нашата земја.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Зелен форумЗелен Цивилзелена агендациркуларна економија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ