• Latest

Зелено досие на Велес (втор дел)

October 15, 2020
Фото: Б. Тахири

Дерала: Медиумите се слуги на партиските и олигархиските центри на моќ

October 9, 2025
Фото: Б. Тахири

Спасов: Измените на Изборниот законик се направени со Пржинскиот договор – тие норми се направени за тогаш, а не да траат до денес

October 9, 2025

Небиу: Изборите не се фер, пристапот кон парите, ресурсите, гласачите не е ист за сите

October 9, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американците не ја сакаат Трамповата федерална репресија со Националната гарда, тој сепак притиска напред

October 9, 2025
Вујкото на заложникот што го држи Хамас зборува за Си-Ен-Ен поради надежите за прекин на огнот. Фото: Скриншот од видео на CNN

Израел проценува дека Хамас нема да може да ги врати останките на сите преостанати починати заложници

October 9, 2025

(Во живо) Панел на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност: Предизвици и решенија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Селими: Добро е за демократијата тоа што се уште „не умре“ граѓанскиот сектор

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Хоџиќ: Пукнаа полулистичките балони кога актуалната власт почна да ја користи придавката Северна, кога не го укинаа договорот со Бугарија

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

October 9, 2025
Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

Незири: Има слобода на гласање, но има екстремна партизација – разликата од минатото е што порано имавме една партија, сега имаме повеќе партии

October 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Зелено досие на Велес (втор дел)

October 15, 2020 11:43
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената коалиција со најголем протест во 2011

Во Велес, во седумдесеттите  години на 20 век, поединци од високата власт изградија тешка црна индустрија во градот – Топилница за олово и цинк „Злетово“ која на неговите граѓани преку ноќ им го загади чистиот воздух, вода и почва и со тоа  им го наруши здравјето. Ако на едни им носеше голема профит и беше „златна кокошка“ како што ја нарекуваа, на граѓаните на Велес кои претходно никој не ги праша, таа, за жал,  им го донесе најлошото,  само болести па и оние најтешките – канцери и ги одведе во прерана смрт.

Граѓаните на Велес најпрво самоиницијативно почнаа да ја будат својата  заспана еколошка свест од поединци, се создадоа помали групи на истомисленици, па се’ до официјално регистрирани еколошко друштва, еколошки групации и  движења.

Така од ден на ден од година во година  кај велешани се’ повеќе се будеше заспаната свест се’ до  Денот Д, на 9 ноември 2011 година  кога  граѓаните на Велес, мажи жени, ученици, мајки со мали деца без разлика на религија и  вера сплотени преку Зелената коалиција и локалната власт излегоа на улиците на  масовен протест, на „Зелена револуција“  и кажаа гласно НЕ за повторно рестартирање на Топилницата за олово и цинк, која претходно беше затворена во 2003 година.

Зелените движења во Велес заедно со народот извојуваат една голема битка – засекогаш се затвори  најголемиот загадувач и се спречи одново  да биде рестартиран. За жал,  останаа последиците од неговото 30 годишно работење со енормно загадена  почва, вода, воздух… Нивното прочистување и враќање во првобитната чиста состојба е долготраен и тежок процес за кој треба време и пари.

Велешани на 9 ноември 2011, Денот на ослободување на градот, масовно се собраа во центарот на Велес за да каже решително ,,не“ за повторната работа на Топилницата за олово и цинк.

Протесниот митинг на велешани против Топилницата, продолжи по главните градски улици се’ до вратите на Топилницата. ,,Народното еколошко востание“, како во тоа време го нарекуваа во Велес, го организираше  „Зелената коалиција“ во која влегоа седум граѓански здруженија, подржани  од локалната власт и  градоначалникот Горан Петров кој ја предводеше поворката заедно со своите колеги од позицијата и опозицијата  како и владиката Повардарски Агатангел кој се приклучи на протестот.

На протестот беа присутни и пратениците од градот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ  и Марјан Николов од СДСМ со еколошките организации од цела Македонија.

„Вечерва сме на час по историја, тука ја пишуваме сопствената. Во името на идните генерации одлучно велиме ,,не,,  за Топилницата во Велес. На граѓаните на Велес им треба здрава и чиста  животна  средина“, потенцираше тогашниот  градоначалникот на Велес, Горан Петров.

На протестот беа и неговите колеги, градоначалниците од Ужице и Сомбор од Р. Србија и градоначалникот на Свиштов од Романија, а  кои во тоа време беа  на гости во Велес.

Присутните симболично  пуштија во небото стотици црни балони и  жолти и зелени посакувајќи  само  живот во здрава и чиста еколошка средина.

,,Оди си,“, ,,Не те сакаме“, ,,Убијци“ –  со овие пораки упатени на адреса на Топилницата голем број велешани во мировен протест кажаа ,,не,“ за рестартот на Топилницата која ги труеше и им го загрозуваше здравјето, а многу нивни најмили од семејството, пријатели и сограѓани однесе во прерана смрт.

Според  организаторот помеѓу 15 до 20 илјади граѓани излегле на ова ,„народно еколошко востание“.

Мирниот протест на велешани  заврши со палење на свеќи пред Топилницата и ставање каранфили на вратата на капијата.

Од протестот беа испратени три барања до тогашната Влада на Република Македонија.

–     Да не се дозволи отворање на топилницата во Велес

–    Да се исчисти почвата на која е лоцирана топилницата, заедно со неа и да се намени за мали и средни претпријатија

–   Да се исчисти депонијата со згура и да се деконтаминира почвата  во градот, во училиштата, градинките и парковите.

За среќа на велешани и покрај сите напори „Метрудхем“ не успеа да ја рестартира Топилницата, а  велешани конечно можеа да здивнат и вдишат почист воздух.

Но и понатаму остана депонијата на згура над Топилницата тешка 1,8 милион тони тешки метали ,настаната како последица од три децениското работење  на загадувачот. Поради „Ружата на ветровите“ оловната и прашина со други тешки метали и понатаму се раснесуваше  по домовите на велешани.

Остана и проблемот со загадените почва полни со олово, кадмиум, цинк и други тешки метали во и околината на Велес од каде граѓаните јадеа зеленчук и овошје. Почвата требеше да се исчисти, деконтаминира, а исто така и земјата од површинскиот слој од јавните површини во градот посебно во градинките, училиштата и другите јавни зелени површини на Велес.

Продолжи и борбата на ЕД „Вила Зора“ и останатите еколошки друштва од Зелената коалиција кои бараа отстранување на Црниот рид од градот и негова дислокација ,затоа што сеуште им го нарушува и загрозува здравјето.

Тие од надлежните бараа и деконтаминација на загадената почва во и околината на градот.

Во таа насока ЕД „Вила Зора“ преку проект сo маслодајна репка како извлекувач  докажа колку овие растенија фиторемедијатори можат да ги извлечат тешките метали од загадената почва во и околината на градот.

Но битката на „Зелените сили “ на  Велес за почист град  треба да продолжи со несмален интензитет, а на патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, треба под итно да ја добие поддршката од надлежните државни власти.

Антоанела Димитриевска

„Зелено досие на Велес“ – приказна за град во кој животот ви е опасност, до град кој посакува зелена иднина. Зеленото досие ќе се објави во 3 продолженија. 

Зелен караван е дел од проектот „Зелените доаѓаат“ што ЦИВИЛ го спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел.
Print Friendly, PDF & Email
Share35Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    154 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ