• Latest

Зеленски: Без разлика како окупаторите се обидуваат да се сокријат, вооружените сили и нашето разузнавање ќе обезбедат одмазднички удари, а секој руски криминалец ќе биде идентификуван

July 20, 2022

АВМУ: Уште две прекршочни постапки за непочитување на изборниот молк

October 20, 2025
Илустрација ВИ

Локалните избори огледало на централната власт: Трендови од 2017 до 2025 година

October 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Зеленски подготвен за разговор со Трамп и Путин по „отворениот“ состанок во Белата куќа, каде Трамп го повика да ги прифати условите, или Москва може да ја „уништи“ Украина

October 20, 2025
Илустрација: ВИ

Висок тренд на неважечки гласачки ливчиња – пораст во однос на претходните изборни циклуси!

October 20, 2025

Повеќе од 53 илјади гласачки ливчиња – неважечки!

October 20, 2025
Скриншот од видео на WION

Венс за Томахавките за Украина: Трамп го слушна ова барање и сè уште одлучува

October 20, 2025

Првични неофицијални податоци на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 302.000 гласа, СДСМ 126.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

October 20, 2025
Креирано со помош на ВИ

Само една жена избрана за градоначалничка во првиот круг, уште три ќе се борат во вториот

October 20, 2025
Скриншот од видео на Times News

Центристот Родриго Паз победи на претседателските избори во Боливија, со што заврши речиси 20 годишното левичарско владеење

October 20, 2025
Фото: МИА Архива

Политико: Новите членки на ЕУ би можеле да се приклучат без право на вето

October 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Без разлика како окупаторите се обидуваат да се сокријат, вооружените сили и нашето разузнавање ќе обезбедат одмазднички удари, а секој руски криминалец ќе биде идентификуван

July 20, 2022 13:15
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Секој ден окупаторите даваат нови причини за признавање на Русија како терористичка држава. Тие синоќа извршија ракетен напад врз село во областа Одеса – 7 поморски ракети „Калибр“ против обично село. Ова не се евтини или едноставни проектили – Русија беше многу горда на нив. И што погодиле? Обична селска нива и неработна фарма, селски куќи, помошни згради, лицеј, културен центар. Нема воена смисла. Само терор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Зеленски истакна дека, за среќа, нема жртви – луѓето навреме реагирале на предупредувачкиот сигнал за воздушен напад. Но, шестмина мештани се повредени, меѓу кои и едно 5-месечно дете. На неа и на нејзината мајка и е пружена сета потребна помош. Ова се мети на руските крстосувачки ракети. Тој праша и каков лукав треба да се биде за да се исполнуваат командите за вакви ракетни напади врз мирни села и градови?

Дури и рибите и рапаните во Црното Море имаат поголемо достоинство од офицерите на руската флота, констатира Зеленски.

Тој информира дека во текот на изминатиот ден, мети на руското гранатирање беа и Никопол и други населени места во регионот Дњепропетровск, регионот Харков, Миколаев, Краматорск – крстаречка ракета го погоди центарот на градот, Славјанск, Торецк и други градови на Донбас. Многу жртви, многу ранети… Окупаторите ги гранатираа пограничните области на регионот Суми. Во заземената нуклеарна централа Запорожје и во Енерходар има нови факти на терор врз работниците и локалните жители…

Без разлика како окупаторите се обидуваат да се сокријат, вооружените сили на Украина и нашето разузнавање ќе обезбедат одмазднички удари и нашата држава ќе го идентификува секој Русин криминалец кој е виновен за теророт на Украинците, рече Зеленски.

Украинскиот претседател информира дека зголемување на американската поддршка за Украина, дополнителна помош за заштита на луѓето од рускиот терор, решавање на хуманитарни потреби се сите задачи на тековната посета на првата дама на Украина на САД. Денеска, на вториот ден од посетата, во Белата куќа се одржа средба со првата дама Џил Бајден – претседателот Бајден, потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг дојдоа да ја поздрават првата дама на Украина. Зеленски се заблагодари на претседателската двојка на САД, на сите претставници на американската администрација и на секое американско семејство за нивната топлина кон нашата земја и нашиот народ.

Тој посочи дека и од оваа посета на првата дама очекувам значајни резултати за Украина во соработка со Америка. Тоа е важно во моментов. Веќе имаше средби со државниот секретар Антони Блинкен, со Саманта Пауер и други влијателни политичарки кои ги претставуваат владините и парламентарните структури на Америка. Утре Олена ќе зборува во Конгресот – во име на сите мајки, сите Украинки, и тоа ќе биде важно обраќање, и тој навистина верува дека тоа ќе го слушнат оние од кои зависи одлучувањето во САД.

Исто така, Зеленски соопшти дека имал телефонски разговори со тројца лидери. Го информирал претседателот на Полска Анджеј Дуда за ситуацијата на фронтот. Разговарале за понатамошни чекори за спротивставување на руската агресија. Зборувал со премиерот на Италија Марио Драги. Му се заблагодарил за неговиот чесен и принципиелен став во одбрана на нашите заеднички европски вредности. Вечерта разговарал и со претседателот на Брегот на Слоновата Коска. Го информирал за нашите напори да се спротивставиме на кризата со храна, која ја создаде Русија и која на светот му се заканува со голем глад.

Според Зеленски, во тек е обновувањето на моќната вертикала на државата. Тој назначил нови шефови на регионалните канцеларии на Службата за безбедност на Украина во регионите Закарпатија, Полтава, Суми, Днепропетровск и Харков, и разрешил и еден од замениците на шефовите на Службата за безбедност на Украина.

Тој им се  заблагодари на членовите на конкурсната комисија за избор на шеф на Специјализираното антикорупциско обвинителство за финализирање на конкурсот. Одлуката за победникот е одобрена.

Информираше и дека е назначен и нов министер за социјална политика на Украина – Оксана Жолнович. од која очекувада биде поактивна да им ги објаснува на луѓето сите нијанси на државната социјална политика – конкретните народни права, механизмите за плаќање и другите можности што ги дава државата. Исто така, потребно е да се забрза модернизацијата на регулаторната рамка за социјалната политика, а улогата на министерот во тоа треба да биде значајна.

Зеленски истакна дека е многу важно што денеска Врховната Рада на Украина ја спроведе иницијативата на шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак за формирање специјална комисија за контрола на употребата на оружјето што го даваат нашите партнери. Комисијата вклучуваше претставници од сите парламентарни фракции и групи.

Сакам да нагласам: нема основа за какви било претензии кон нашата држава во овој поглед. Нашите партнери се целосно информирани за тоа како го користиме даденото оружје. Но, за да се стави крај на секакви манипулации на руските пропагандисти и оние кои им помагаат во Украина или на друго место, ќе стапи на сила ваква дополнителна парламентарна контролна алатка, рече Зеленски и дополни дека потпишал уште еден декрет за доделување на нашите воини, на 185 војници им беа доделени државни награди, од кои пет постхумно.

Подготви: Д.Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    177 shares
    Share 71 Tweet 44
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ