• Latest

Зеленски до Белорусите: Кремљ веќе одлучи сè за вас – вашите животи не вредат ништо за нив, но вие не сте робови или топовско месо, не мора да умирате

June 27, 2022

Локални избори, прв круг: ЦИВИЛ со прелиминарна оценка во 21 часот

October 19, 2025
Илустрација ВИ

Излезеноста на локалните избори на ниво на целата држава до 18:30 часот е 46,65 отсто

October 19, 2025

Гласањето заврши без поголеми неправилности, почнува броењето

October 19, 2025
Онлајн прес конференција на ЦИВИЛ во 18 часот, 19 окт. 2025 (фото: Б. Тахири/Фронтлајн)

Прес на ЦИВИЛ во 18 часот: Зголемена активност на партиски активисти, сомнежи за поткуп на гласачи, ЦИВИЛ со остар протест поради попречувањeто на набљудувачите

October 19, 2025
Скриншот од ДИК

ДИК: Излезноста до 17:00 часот на локалните избори изнесува 39,61%, највисока во Вевчани- 61,84 %

October 19, 2025

ЦИВИЛ со порака до избирачките одбори: Важечко е секое гласачко ливче од кое се гледа дека гласачот јасно ја изразил својата волја

October 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CRUX

Израел го обвини Хамас дека го прекршил примирјето со напади вон договорената линија на повлекување, ИДФ одговори со воздушни напади

October 19, 2025

Втора прес конференција на ЦИВИЛ: Групно гласање, починати лица во избирачки список, непрописно однесување на дел од членови на ИО

October 19, 2025

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски до Белорусите: Кремљ веќе одлучи сè за вас – вашите животи не вредат ништо за нив, но вие не сте робови или топовско месо, не мора да умирате

June 27, 2022 11:09
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Би сакал денеска посебно да им се обратам на граѓаните на Белорусија. И на цивилите, и на оние во униформи. Ве вовлекуваат во војната. И уште поактивно отколку во февруари и во пролетните месеци. Кремљ веќе одлучи сè за вас – вашите животи не вредат ништо за нив. Но, вие не сте робови или топовско месо. Не мора да умирате. И можете да спречите некој да одлучува наместо вас што ве чека следно“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето во неделата навечер.

Русија денес повторно го погоди Киев со ракети. Во раните утрински часови. Втората армија во светот триумфално „победи“ градинка и куќа. Човек починал, имал само 37 години. Има ранети, а меѓу нив – девојче по име Жења, таа има седум години, ќерка на починатиот, сега е во „Охматдит“. Повредена е и нејзината мајка. Патем, државјанин на Русија. Ете така. На неа ништо не ѝ се закануваше во нашата држава, беше сосема безбедна, додека самата Русија не одлучи дека сега сè е подеднакво непријателско кон нив – жени, деца, градинки, куќи, болници, железници, посочи Зеленски.

Во своето обраќање, Зеленски посочи дека ракети напаѓаа и по Миколајивската област, и по Чернигивската област, и по Одеса и по Черкаси. Артилериското и минофрлачкото гранатирање не престанаа во Харкивската област, во Сумската област и во Донбас, на југот на нашата држава. Тој изрази  сочувство до семејствата и пријателите на жртвите. На сите што се повредени им се пружа сета потребна помош.

Дел од ракетите беа соборени. Но само дел. Ни треба моќна противвоздушна одбрана – модерна, целосно ефикасна. Што може да даде целосна заштита од овие ракети. За ова разговараме секој ден со нашите партнери. Веќе има некои договори. И партнерите треба да се движат побрзо ако се навистина партнери, а не набљудувачи, повика Зеленски.

Тој соопшти дека одолговлекувањето со трансферот на оружје во Украина, какви било ограничувања – тоа е всушност покана за Русија повторно и повторно да напаѓа. Окупаторите – овие терористи – мора да бидат напаѓани со сите сили за да не мислат дека можат некого да угнетуваат и надигруваат.

Зеленски прашува за што беа овие ракети денес? За што беа и вчерашните 62 ракети за само една сабота, за 24 часа. Станува збор за руски ракопис: да ескалира секогаш кога се случуваат меѓународни настани. И во исто време тие се за решителност. За тоа дека, на пример, лидерите на Г7, кои денес се собраа во Германија на самит, имаат доволно заеднички потенцијал да ја запрат руската агресија против Украина и против Европа како целина. Можно е.

Но, ова е можно само ако го добиеме сето она што го бараме и точно во времето кога ни е потребно – и оружје, и финансиска поддршка и санкции против Русија. Не може да биде поинаку во оваа војна. Бидејќи тука – на небото над Кијив, во морето кај Одеса, на земјата на Харкивската област, Донбас, во Херсон и во Запорижската област – тука се одлучува како ќе биде животот во Европа во иднина. Токму е овде, во Украина и никаде на друго место, дециден е Зеленски. Се разбира, во Русија нема толку ракети колку што имаме самодоверба. Но, само помоќното оружје може да го запре руското оружје.

Претседателот информира дека зборувал за ова со Премиерот на Канада Џастин Трудо – како на друг начин да ја зајакнеме одбранбената поддршка за Украина и како инаку да го зголемиме притисокот од санкциите врз Русија, и му се заблагодарил на Џастин за веќе пружената помош – една од најопипливите.

Во обраќањето, Зеленски наброја  уште неколку работи, многу насочени.

Прво, сите пилоти, диспечери, техничари и други луѓе кои обезбедуваат лансирање на ракети во Украина мора да разберат: ќе ве најдеме сите. Секој од вас ќе биде одговорен за овие удари. И ако некој мисли дека ќе ја избегне одговорноста со тоа што ќе каже дека ова било наредба, се лажете. Кога вашите ракети погодуваат домови, тоа е воено злосторство. Судот е она што ве очекува сите. И нема да се скриете никаде – ниту на брегот на Каспиското Море, над кое се лансираат вашите ракети, ниту во Белорусија … Никаде, кажа Зеленски.

Тој посебно им се обрати на граѓаните на Белорусија. На луѓето – и цивили и во униформи.

Ве вовлекуваат во војна. И уште поактивно отколку што беше во февруари и во пролетните месеци. Кремљ веќе одлучи сè за вас – вашите животи не вредат ништо за нив. Но, вие не сте робови или топовско месо. Не треба да умирате. И не можете да дозволите некој да одлучи за вас што ве чека следно, посочи Зеленски.

Зеленски истакна дека знае дека народот на Белорусија ја поддржува Украина, а не војната.

И затоа вас – сите Белоруси – руското раководство сака да ве вовлече во војна, сака да сее омраза меѓу нас, нагласи Зеленски. Сега многу зависи од обичниот народ на Белорусија. И знам дека можете да не учествувате во оваа војна. Вашите животи ви припаѓаат само вам, а не на некој во Кремљ.

Зеленски нагласи дека Украина ќе се брани од удари од која било насока и од кое било оружје. Тој е сигурен дека ќе преживеате и ќе си вратат се што е нивно. Но, секој, само нормален човек во која било земја, вклучително во Белорусија, може да придонесе за заштита на животот.

Оваа недела ќе биде многу важна за сите нас. Затоа, продолжуваме да работиме на сите нивоа и не успоруваме, кажа Зеленски на крајот од своето обраќање.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ