Дури и окупаторите признаваат дека Украина ќе победи бидејќи тоа може да се слушне во нивните разговори со нивните најблиски кога ќе контактираат со нив, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.
„Дури и окупаторите признаваат дека ќе победиме. Тоа го слушаме во нивните разговори – цело време, во она што им го кажуваат на своите најблиски кога ќе контактираат со нив. Затоа, ние не успоруваме и, како и секој ден веќе пет месеци, прават сè за да нанесат најголеми можни загуби на непријателот и да соберат што е можно поголема поддршка за Украина“, нагласи Зеленски.
Зеленски додаде дека партнерите на Украина следната недела ќе остварат важни посети на земјата и дека ќе има важни преговори.
„И што е најважно, ќе има натамошно унапредување на украинските позиции. На фронтот, во дипломатијата, во економијата“, рече тој.
Шефот на државата им се заблагодари и на сите кои ја штитат Украина и на сите Украинци им посака плодна нова недела.