Претседателот Володимир Зеленски е убеден дека победата во војната што ја започна Русија е национална цел на Украина, а државата и секој граѓанин мора да работат секојдневно за да ја постигнат.
„Ослободувањето на нашата земја и победата е наша национална цел. Ние мора да работиме на тоа секој ден. Не само државата, туку секој граѓанин на кое било можно ниво“, објави Зеленски на Телеграм,
Тој традиционално објави избор на фотографии за животите на Украинците среде нивниот отпор кон руската агресија.
Подготви: Д.Мишев