Украинскиот претседател Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган разговараа за заканите за безбедноста на храната и соработката во безбедносната сфера, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер, јавува дописникот на Укринформ.
„Продолжи дијалогот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Разговаравме за заканите за безбедноста на храната што ги носи агресорот и начините за деблокирање на украинските пристаништа. Одржавме разговори за соработка во безбедносната сфера. Едногласно се согласивме за потребата од враќање на мирот. Ја цениме помошта на Турција во овој процес“, напиша Зеленски.
Продовжив діалог з Президентом ?? @RTErdogan. Обговорили створені агресором загрози продовольчій безпеці, шляхи розблокування ?? портів та взаємодію в безпековій сфері. Були одностайні щодо необхідності відновлення миру. Цінуємо сприяння ?? у цьому процесі.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) May 30, 2022
На 30 мај 2022 година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговарал со рускиот претседател Владимир Путин.
Турскиот претседател изразил увереност дека Турција е подготвена да ја одигра својата улога и да организира средба Украина-ОН-Русија во Истанбул.
„Претседателот Ердоган рече дека доколку двете страни постигнат договор, Турција е подготвена да ја одигра својата улога на средбата Украина-ОН-Русија во Истанбул и можен механизам за следење“, информираат од прес-службата на претседателот на Турција.
За време на разговорот, Ердоган ја истакна потребата од чекори кои ќе ги минимизираат негативните последици од војната и ќе ја зајакнат довербата со што поскоро враќање на темелите на мирот меѓу Русија и Украина.
Лидерите разговараа и за билатералните односи меѓу Турција и Русија и ситуацијата во Сирија.
Ердоган истакна дека продолжуваат нападите на терористичките организации ПКК/ЈПГ против Турција и цивилите во Сирија и укажа на потребата од преземање мерки за безбедност на овие територии.
Подготви: Д.Мишев