• Latest

Зеленски: Кога паѓаат бомби во Киев, тоа се случува и во Европа, не само во Украина!

February 25, 2022
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Зеленски: Кога паѓаат бомби во Киев, тоа се случува и во Европа, не само во Украина!

February 25, 2022 15:29
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

„Германскиот Канцелар Олаф Шолц вчера за руската инвазија во Украина изјави дека Европа вакво нешто не видела 75 години. И тоа е вистина. Но, ова не е целата вистина.

Ова не е само руска инвазија во Украина, ова е почеток на војната против Европа. Против единството на Европа. Против основните човекови права во Европа. Против сите правила на соживот на континентот. Против тоа што европските држави одбиваат да се делат, а имено да се делат границите со употреба на сила.“, изјави денеска во своето обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Украинските градови веќе втор ден по ред се под ракетни и бомбашки напади. Тенковите колони и воздушните напади се максимално слични на она што Европа веќе одамна го има видено – за време на Втората светска војна и она за што велеше „никогаш повеќе“. Но, еве го се случува! Повторно се случува. Сега. Во 2022 година. 75 години по крајот на Втората светска војна.

Сигурен сум дека ова го гледате – сите вие, цела Европа. Но, не можеме целосно да видиме што планирате да правите со тоа. Како ќе се заштитите кога толку полека ни помагате во Украина?

Ќе наведам што веќе се има случено. И за тоа сме ви благодарни. Секторски санкции. Вакви секторски санкции против Русија воведоа САД, Канада, Обединетото Кралство, Европската унија, Австралија и Нов Зеланд. Вклучително, против сите големи банки. Против најголемите руски претпријатија. Против пристапот на Русија до западните технологии.

Но, руските тенкови сè уште пукаат по домовите во нашите градови. Оклопни возила се уште напаѓаат, меѓу другото, и врз цивили. Обични граѓани на Украина.“, вели Зеленски.

Зеленски ја повика Европската унија да ја запре руската агресија во Украина, апелирајќи дека сите мерки веќе денеска треба да бидат на маса.

Европа има доволно сила да ја запре оваа агресија. Што да очекуваме од европските земји понатаму?

Укинување на визите за Русите? Да се ​​исклучат од SWIFT? Целосна изолација на Русија? Отповикување на амбасадорите? Ембарго на нафтата? Затворање на небото? Денеска сето тоа мора да биде на маса, бидејќи е закана за нас, за сите нас, за цела Европа. Сè уште може да се запре агресијата. Мора да дејствуваме без одложување.

И обичните луѓе можат да дејствуваат, сигурен сум, во секоја земја во светот, во секоја земја во Европа. Излегувајте на плоштадите во вашите градови и барајте мир за Европа, мир за Украина,

Престанете со оваа војна. Излезете, излезете на плоштад и побарајте прекин на војната. Ова е наше право. Ова е ваше право.

Кога паѓаат бомби во Кијив, тоа се случува и во Европа, не само во Украина. Кога проектили го убиваат нашиот народ, тоа е смрт на сите Европејци. Барајте поголема заштита за Европа, поголема заштита за Украина како дел од демократскиот свет.

Сè додека државните институции во Европа не брзаат со навистина силни одлуки, секој Европеец во неговиот главен град веќе може да дојде во нашата амбасада и да ја понуди својата помош. Исто така, барајте од вашите влади Украина да добие повеќе – повеќе финансиска, повеќе воена помош. Затоа што оваа помош е помош за вас. Затоа што ова и помага на Европа. Си помагате самите на себеси.

Ако имате борбено искуство во Европа и не сакате да гледате на неодлучноста на политичарите, можете да дојдете во нашата земја и да ни се придружите во одбраната на Европа, каде што сега тоа е многу потребно.

Вас веќе Ве уценија со гас. Веќе Ве понижија. Веќе сакаат да ве поделат и разделат вас, како што се обидуваат да ја поделат Украина денес.

Заштитувајте се себеси. Исто како што ние се заштитуваме.

Би сакал уште еднаш да му се обратам на Претседателот на Руската Федерација. Борбите се водат низ цела Украина. Ајде да седнеме на преговарачка маса. Со цел да се ​​запре смртта на луѓето.

А сега сакам да се обратам до Вооружените сили на Украина. Стојте цврсто. Вие сте се што имаме. Вие сте се што ја штити нашата држава.

Слава на Украина!“

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ