• Latest

Зеленски: Кршливоста на слободата може да се заштити само со заеднички акции, мора да постои ефективна архитектура на глобалната безбедност

August 4, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Кршливоста на слободата може да се заштити само со заеднички акции, мора да постои ефективна архитектура на глобалната безбедност

Затоа Украинците сега прават многу важна работа за сите во светот. Нашиот народ го обедини слободниот свет не само околу нивната борба за слобода, туку и околу разбирањето колку е кревка нашата слобода. Слободата на секој народ во Европа и во другите делови на светот.

August 4, 2022 13:00
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Деновиве во нашиот информативен простор и на социјалните мрежи има многу извештаи за конфликтни ситуации и закани кои постојат на други географски места. Прво – Балканот, потоа – Тајван, сега можеби е Кавказ… Сите овие ситуации изгледаат поинакви, иако ги обединува еден фактор, а тоа е: глобалната безбедносна архитектура не функционираше. Ако функционираше, немаше да ги има сите овие конфликти, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Според Зеленски, ова е всушност она на што Украина го привлекува вниманието не само 161 ден од почетокот на војната во полн обем, туку со години. Бидејќи Русија целосно го игнорираше меѓународното право, интересите на човештвото како такви.

Тој посочи дека 2014 година стана пресвртница. Тогаш, во сосема очигледни ситуации – со Крим, со Донбас, со соборениот малезиски Боинг – Русија избегна непосредна и опиплива одговорност, ги зачува деловните и политичките врски со светот… И сега многумина во глобалните односи веруваат дека ќе успеат да направат така и.

Затоа Украинците сега прават многу важна работа за сите во светот. Нашиот народ го обедини слободниот свет не само околу нивната борба за слобода, туку и околу разбирањето колку е кревка нашата слобода. Слободата на секој народ во Европа и во другите делови на светот, рече Зеленски и додаде. Оваа кревкост може да се заштити само со заедничко дејствување, а за тоа да функционира на долг рок, мора да постои ефикасна глобална безбедносна архитектура која гарантира дека ниту една држава никогаш повеќе не може да прибегнува кон терор против друга држава.

Тој истакна дека на системско ниво, на ниво на глобални институции, токму за тоа работат во моментов – и украинската држава и сите наши партнери.

Зеленски соопшти дека Швајцарија денеска се приклучи на седмиот пакет санкции на Европската унија за што се заблагодари. Кога таква земја не останува неутрална во заштитата на вредностите и човечкиот морал, тоа е многу важен сигнал за целиот свет.

Сега се чувствува дека Русија почна да ја сфаќа неизбежноста да биде признаена како терористичка држава. По сето она што го направи руската армија и наводно приватните руски воени компании, ниту една друга терористичка организација во светот не може да го преземе приматот во теророт. Русија дефинитивно е број еден меѓу терористите. И ова дефинитивно заслужува правни последици, особено во одлуките на САД и другите светски актери, вели Зеленски.

Како што нагласи Зеленски, токму поради тоа во Москва започна нова пропагандна активност. Одеднаш решија да го дефинираат „Азов“ како терористи, иако кога терористичка држава го прави ова, очигледно е апсурдно. Активираат разни емисари со тези дека демек терористичката држава сака преговори… Ако Русија навистина сакаше крај на војната, немаше сега да ги акумулира своите резерви на југот на Украина и немаше да создава масовни гробници на убиени невини луѓе на украинска територија.

Па, генерално, едноставно е одвратно кога поранешните лидери на моќни држави со европски вредности работат за Русија, која се бори против овие вредности. Затоа, треба да се бориме, треба да ги победиме терористите на нашата земја, треба да шириме информации за украинските интереси и да постигнеме успех и победи за Украина. Секој на свое ниво – и Украинци и партнери. Теророт може да се запре само со заедничка нескротлива сила, истакна Зеленски во своето видео обраќање.

Подготви: Д.Мишев

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ