Самитот на НАТО во Мадрид. Целите на Украина апсолутно се совпаѓаат со целите на Алијансата. Ние сме заинтересирани за безбедност и стабилност на европскиот континент, во светот. Ние сме заинтересирани животите на нациите да не се одредуваат од отворениот минхенски говор на еден лидер, туку од меѓународното право. Нас нè интересира да нема „сиви“ области и тотални воени области, каде што нема ништо друго освен урнатини. Така е и НАТО заинтересиран за ова, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски,во своето видео обраќање на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој повика да и с помогне на Украина сега да ја заврши оваа војна со победа на бојното поле, односно да се даде навистина силен одговор на акциите на Русија е она што и треба и Украина, и на целата Алијанса, на целата евроатлантска заедница.
„Русија мора да биде изолирана. Не смее да биде присутна во меѓународните тела што сака да ги уништи. Не смее да има дијалози кои немаат смисла додека не почне да го бара тој дијалог. Таа [Русија] мора самата да бара дијалог и затоа, барајте мир. И, заради мирот, мора да се преиспита разбирањето на источното крило на НАТО“, рече претседателот на Украина, Володимир Зеленски, обраќајќи им се на учесниците на Самитот на НАТО во Мадрид.
Тој нагласи дека на Украина и требаат безбедносни гаранции, затоа треба да се најде место за Украина во заедничкиот безбедносен простор.
Подготви: Д.Мишев