На Украина и се потребни живи украински херои, нагласува претседателот Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата, истакнувајќи дека тоа е главниот принцип на земјата.
Тежок ден. Но, овој ден, како и сите други, е насочен токму кон спас на нашата земја и нашиот народ. Во врска со ситуацијата во Мариупол. Благодарение на акциите на украинската војска – вооружените сили на Украина, разузнавањето, преговарачкиот тим, Меѓународниот комитет на Црвениот крст и Обединетите нации, се надеваме дека ќе успееме да ги спасиме животите на нашите момци. Меѓу нив има и тешко повредени, им е укажана лекарска помош. Сакам да нагласам: Украина има потреба од живи украински херои. Ова е нашиот принцип. Мислам дека секој адекватен човек ќе ги разбере овие зборови, истакна Зеленски во обраќањето на крајот од 82 ден од почетокот на војната.
Тој потсети дека меѓу нив има тешко ранети војници, на кои сега им е укажана медицинска помош.
„Би сакал да нагласам: на Украина и се потребни живи украински херои. Ова е нашиот принцип. Мислам дека секој адекватен човек ќе ги разбере овие зборови“, нагласи Зеленски.
Операцијата за спасување на бранителите на Мариупол ја започнаа украинските воени и разузнавачки оперативци, објасни претседателот, додавајќи дека „за да се вратат нашите момчиња дома“, операцијата бара „деликатност“ и „време“.
Зеленски посочи дека, истовремено, одржува максимална дипломатска активност во други области во интерес на Украина. Разговарале со директорката на ММФ Кристалина Георгиева, за тоа како да се забрза обезбедувањето финансиска помош за Украина, со оглед на државниот буџетски дефицит за време на војната, кој изнесува околу 5 милијарди долари месечно. Разговарале и за главните насоки на понатамошната соработка. Во пресрет на состанокот на министрите за финансии на Г7, овие разговори со директорот на ММФ се директна подготовка за многу важни одлуки за Украина.
Тој кажа дека во Киев работеше висока полска делегација. Со нив беа остварени консултации за соработка на ниво на Европската Унија. Тоа особено се однесува на забрзувањето на украинската интеграција во Европската унија и очекуваната одлука за кандидатскиот статус за Украина.
Зеленски истакна дека се работи и на тоа Европската унија да се согласи за шестиот пакет санкции кон Русија. Нафтеното ембарго мора да биде дел од него и тоа е во интерес не само на нашата држава, туку и на цела Европа. Тој изрази благодарност на оние лидери на континентот кои се свесни за ова и помагаат да се промовира соодветната одлука.
Се обратив до студентската заедница на Соединетите Американски Држави – претставници на водечки универзитети. Разговарав и со ректорите и претседателите на овие образовни институции. Клучното прашање е да се вклучат американските универзитети во обновата на нашиот образовен систем по војната. Дополнително, разговаравме за политички прашања, вклучително и заштита на демократијата, спротивставување на руската пропаганда и фалсификати, изформираше Зеленски.
Зеленски соопшти дека Вооружените сили на Украина гиодбиваат постојани напади во оние области каде Русија сè уште се обидува да напредува. Северодонецк и другите градови во Донбас остануваат главни мети на окупаторите. Тие прават се за да ја заштитат земјата и народот.
Потпишав укази за доделување на нашите херои. На 201 војник на вооружените сили на Украина им беа доделени државни награди. Титулата Херој на Украина му беше доделена на постариот поручник Ахасиев Кирило Јашароглу – командант на вод на 92-та посебна механизирана бригада. И постхумно на потполковникот Јерк Вјачеслав Володимирович, командант на авијациската ескадрила на 40-та тактичка авијација бригада, изјави Зеленски на крајот од синоќешното обраќање.
Подготви: Д.Мишев