Повеќе од 6 милијарди хривни ( над 160 милиони евра) во донации се собрани преку платформата за собирање средства UNITED24 за поддршка на Украина, со помош од 110 земји, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на Телеграм, пренесува Укринформ.
„Луѓе од 110 земји се приклучија на платформата UNITED24, а вкупниот износ на донации надмина 6 милијарди хривни“, напиша Зеленски.
Тој објави и видео за работата на платформата и им се заблагодари на сите што се приклучуваат.
„Не престанувајте да ја поддржувате Украина. Секој придонес е важен за нас“, рече Зеленски.
На 17 мај, Зеленски потпиша декрет за иницијатива за создавање на националниот бренд United24 за обединување на напорите на меѓународните партнери за поддршка на Украина. Средствата се префрлаат на сметките на Народната банка на Украина и се користат од засегнатите министерства во области како одбрана и деминирање, медицинска помош и обнова на Украина.
Подготви: Д.Мишев