Не може да има – дури и хипотетички – никаков услов под кој каков било руски напад врз Украина станува оправдан. , изјави претседателот Володимир Зеленски во своето синоќешно видео обраќање.
„Денеска, руските терористи повторно пукаа во Торецк, регионот Доњецк, погодувајќи ја станицата за јавен превоз. Осум лица загинаа, меѓу повредените има и три деца. Станбените згради беа оштетени од фрагменти од проектил и од експлозивниот бран – тоа се обични висококатници. Оштетена е и црквата Свети Пантелејмон, попот е ранет“, рече тој.
Претседателот истакна дека тоа е намерен удар на окупаторите, уште еден чин на терор – циничен и пресметан.
„Тие знаеја каде удираат и очигледно сакаа луѓето да бидат повредени“, рече Зеленски.
Сепак, претседателот нагласи дека нема јасни и навремени извештаи од некои меѓународни организации во врска со ова и илјадници други злосторства извршени од руски терористи.
„Денес видовме сосема поинаков извештај од Амнести интернешнал, кој за жал се обидува да ја амнестира терористичката држава и да ја префрли одговорноста од агресорот на жртвата. Не може да има – дури и хипотетички – никаков услов под кој каков било руски напад врз Украина станува оправдан. Агресијата врз нашата држава е неиспровоцирана, инвазивна и отворено терористичка. И ако некој направи извештај во кој жртвата и агресорот се наводно исти во нешто, ако се анализираат некои податоци за жртвата и се игнорираат што правел агресорот во тоа време, тоа не може да се толерира“, нагласи Зеленски.
Подготви: Д.Мишев