Линијата на фронтот е насекаде, изјави украинскиот претседател Зеленски. Тој вели дека неговата земја е пообединета од кога било кога се соочува со руската инвазија, но дека „неколку мали градови едноставно веќе не постојат… Тие едноставно, ги нема. Тој додаде дека преговорите за ставање крај на руската инвазија на Украина „мора да започнат со прекин на огнот“.
Зеленски исто така, повика на итно ослободување на Иван Федоров, градоначалникот на градот Мелитопол, кој во петокот беше уапсен од вооружени лица.
извор: CNN