• Latest

Зеленски: Окупаторите веќе почувствуваа што е модерна артилерија

July 13, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Окупаторите веќе почувствуваа што е модерна артилерија

July 13, 2022 10:36
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руското гранатирање не престанува ниту еден ден, но окупаторите веќе многу добро почувствувале што е модерна артилерија и навистина се плашат од украинските вооружени сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето вечерта на 12 јули.

„Секој ден добиваме и доживуваме многу болни вести. Војната продолжува, руското гранатирање не престанува ниту еден ден. Денеска имаше редовни напади на Миколаев – проектили, артилерија. Окупаторите уште еднаш го погодија Харков и заедниците на регион – Стари Салтив, Золочив, Бајрак и други. Има жртви – ранети и убиени. Во Донбас офанзивните обиди не престануваат, ситуацијата таму не станува полесна, а загубите не стануваат помали. Мора да се потсетиме на ова. мора да го видиме ова, да привлечеме внимание на ова“, рече Зеленски.

Зеленски истакна една одлука која изгледа како техничка, но има многу симболика и значајна политичка работа зад неа. Украина стана придружна членка на специјалната мултилатерална програма на НАТО за технолошка интероперабилност. Поедноставно кажано, станува збор за стандардите на Алијансата. Сега Украина не само што ги имплементира стандардите на НАТО, туку може да учествува и во развојот на нови стандарди.

Тој ги истакна искуството на  војската, можностите на украинските институции, ИТ потенцијалот на земјата – сето тоа сега ќе биде украинскиот придонес во развојот на колективната безбедност во Европа.

И кога се случува? На 139-тиот ден од севкупната војна, со која Русија планираше да не уништи за една недела. А украинската држава не само што преживеа, не само што се брани, туку и се развива и ќе го помага развојот на своите партнери. Ваквиот успех вреди да се забележи, рече Зеленски.

Тој исто така, порача дека треба да се запомни дека и во такви услови, државата прави чекори напред – во соработка со партнерите – во институционалниот развој. И, се разбира, на првата линија.

Окупаторите веќе многу добро почувствуваа што е модерна артилерија и нема да имаат безбедна заднина никаде на нашата земја што ја окупираа. Тие почувствуваа дека операциите на нашите извидници за заштита на нивната татковина се многу помоќни од која било нивна „специјална операција“. Руските војници – и тоа го знаеме од прислушувањето на нивните разговори – навистина се плашат од нашите вооружени сили, нагласи Зеленски. 139 дена таква војна, скоро 20 недели… Таканаречената втора армија на светот се плаши од Украинците и е способна да направи нешто само врз основа на залихи на старо советско оружје без дно.

Зеленски истакна дека окупаторите веќе немаат стратешка сила, карактер или разбирање што прават овде на нашата земја. Тие, исто така, немаат ни трошка храброст да го признаат поразот и да ги повлечат трупите од украинската територија.

Тој информира дека во Киев разговарал со Мариуш Блашчак, вицепремиер и министер за одбрана на Полска. И ни донесе „Крабови“ – оние што моќно ќе го нахранат нашиот непријател со оган.

Секако, клучна тема на нашите преговори беше натамошната одбранбена соработка. Но, не е важно само за што разговаравме, туку и како разговаравме. Со апсолутна доверба во украинската иднина. Во украинската европска иднина. Истото важи и за сите мои други преговори. Секогаш се чувствува, изјави Зеленски.

Тој истакна дека претстои навистина тежок пат, но, за жал, невозможно е да се направи поинаку кога го заштитувате вашиот дом од терористички напад. Но, јасно е и дека она што ни претстои е успехот на нашата држава. Украина ќе може да се одбрани. Украина ќе може да се обнови. Украина ќе може да ги исполни сите свои надворешнополитички цели, рече Зеленски. Кога милиони луѓе работат искрено за ова – секој на свое ниво – резултатот ќе биде неизбежен.

И знаете, поради некоја причина ретко им се заблагодарував на обичните луѓе кои работат во Украина. Кој останува тука без разлика на се. Кои си ја вршат работата секој ден. Со верба во Украина, со верба во победа. Сега сакам да ви се заблагодарам на сите. Ви благодариме што ве има. Ви благодариме што бевте со Украина, истакна Зеленски.

Зеленски вечерта, како и секогаш, го потпиша указот за доделување на нашите херои, на 156 воини им беа доделени државни награди. 56 од нив – постхумно.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ