• Latest

Зеленски: Правиме се за окупаторите да немаат никакви логистички можности на нашата земја

July 28, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Правиме се за окупаторите да немаат никакви логистички можности на нашата земја

July 28, 2022 09:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Украинските бранители прават се што е можно за руските окупатори да немаат логистички можности на нашата земја, изјави во своето видео обраќање претседателот Володимир Зеленски, коментирајќи го мостот Антонивка и другите премини во регионот Керсон, погодени од вооружените сили на Украина.

„ Најпрво, во однос на мостот Антонивка во Керсон и другите премини во регионот. Се разбира, сите ќе бидат обновени, но од нас. Правиме се за да се осигураме дека окупаторите немаат логистички можности на нашата земја“, рече претседателот.

Зеленски нагласи дека Украинците ќе ги прекршат сите планови на окупаторите и ќе ја ослободат нивната територија користејќи воени, дипломатски и сите други достапни алатки.

Како второ, Зеленски посочи дека Врховната Рада на Украина го одобри назначувањето на нов јавен обвинител, Андриј Костин. Личноста е пристојна, професионална, знае да работи систематски. Општеството смета дека обезбедувањето на се што е неопходно за да се бара одговорност од Русија за војната е една од неговите најважни задачи. Ова е соработка со Меѓународниот кривичен суд, со државите партнери кои помагаат да се идентификуваат конкретните виновници меѓу руската војска; ова е снимање на фактите за злосторствата извршени од окупаторите, со што се обезбедува формирање на доказна база за кривично гонење на секој воен злосторник. Канцеларијата на јавниот обвинител е една од клучните институции кои работат на тоа сите руски убијци и мачители да одговараат за нивните злосторства врз Украинците.

На трето место,Зеленски ја постави подготовката за дасе зголеми извозот на електрична енергија за потрошувачите во Европската унија. И покрај таквата војна, во рекордно време е обезбедено поврзување на енергетската мрежа на Украина со енергетскиот систем на цела Европа. Украинскиот извоз овозможува не само да се заработуваат девизи, туку и да им се помогнеме на нашите партнери да го издржат рускиот енергетски притисок.

Постепено ќе ја направиме Украина еден од гарантите на европската енергетска безбедност благодарение на нашето домашно производство на електрична енергија, истакна Зеленски.

За Зеленски, четвртата битна работа е подготовката за многу важни политички и дипломатски настани закажани за втората половина на оваа недела. Пред се, ова се однесува на утрешната прослава на Денот на украинската државност. Но не само тоа. Ќе има повеќе настани, ќе има повеќе вести.

Секоја недела ја зајакнуваме нашата држава, секоја недела правиме работи што не приближуваат до Европската унија и секоја недела обезбедуваме дополнителни сили за конфронтација со Русија, рече Зеленски.

Како петто, Зеленски информира за одржаниот заеднички состанок на Меѓународната група за санкции под раководство на Андриј Јермак и Мајкл Мекфол со учество на претставници на украинскиот парламент – раководството на Врховната Рада, фракции и групи. Се развиваат нови решенија кои ќе ја зголемат цената за војната за Русија. Конкретно, постои иницијатива за зајакнување на одговорноста на ниво на Европската унија за избегнување санкции и иницијатива за задолжително објавување информации за какви било деловни контакти, заедничка сопственост на корпоративни права и имот со граѓаните на Русија. Групата за санкции Јермак-Мекфол ќе ја координира својата работа со претставници на нашиот парламент.

На крајот од обраќањето, Зеленски соопшти дека ја доделил титулата Херој на Украина на 160 украински воини, а меѓу нив е и еден од најефикасните украински пилоти, мајорот Олександр Кукурба.

Во април, во палатата Маријнски, во Белата сала на хероите на Украина, му го врачив орденот Златна ѕвезда. Мајорот Кукурба загина во битка вчера. Тоа беше негов стоти борбен налет. Вистински украински херој кого секогаш ќе го паметиме, нагласи Зеленски.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ