• Latest

Зеленски: Разговорот за „чудесното оружје“ укажува на целосен неуспех на руската инвазија

May 19, 2022
Фото: Цветан Трипуновски/Фејсбук

Времено стопирана исплатата на средствата од ИПАРД програмата

November 10, 2025
Скриншот од видео на ВВС

ВВС во криза по откритието на Телеграф дека радиодифузерот ги заведувал гледачите при известувањата од САД и со „системската антиизраелска пристрасност“

November 10, 2025
Креирано со помош на ВИ

Вештачката интелигенција – новиот фронт на суперсилите во светската пропагандна војна

November 10, 2025

Градоначалникот на Гостивар смета дека назначувањето на „владин повереник“ е неуставно, ќе поднесе иницијатива до Уставен суд

November 10, 2025
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Разговорот за „чудесното оружје“ укажува на целосен неуспех на руската инвазија

Се сеќаваме на Крим. И никогаш нема да ја заборавиме 1944 година - геноцидот на кримските Татари извршен од советските власти. И 2014 година - вториот бран на уништување на сè што е слободно на полуостровот Крим.

May 19, 2022 09:39
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Русија се обидува да го пронајде своето „чудесно оружје“, што укажува на целосен неуспех на инвазијата и страв од признавање на катастрофални грешки, изјави претседателот Володимир Зеленски во своето  видео обраќање до нацијата.

Зеленски коментираше за изјавата на еден од претставниците на руската држава кој изјави дека окупаторите наводно почнале да користат системи за ласерско оружје во Украина. Демек за спас на проектили.

Прво, забележливо е дека треба да спасат проектили и некако да го објаснат тоа. Односно, повеќе од две илјади проектили истрелани од руската армија кон Украина беа главниот дел од нивните залихи на проектили. Односно останаа само остатоците, рече Зеленски и продолжи. Второ, сите веќе ја видоа Русија во војна. Неискусни регрути, кои ги фрла во битка како топовско месо. Разбојници кои за прв пат гледаат нормални апарати во странска земја. Стар советски „оклоп“ без модерна заштита. Забранети фосфорни бомби, со кои палат училишта и обични куќи.

Зеленски посочи дека проектилите, од кои повеќето руската армија ги потроши за уништување на апсолутно цивилна инфраструктура, се без никаков стратешки воен исход. Денеска на таков начин погодија проектили на Миколаев и Днипро.

Па, во пропагандата на нацистичка Германија имаше таков термин „wunderwaffe“. Чудо оружје. Колку што стануваше појасно дека немаат шанса во војната, толку повеќе имаше пропаганда за чудесното оружје, кое ќе биде толку моќно што ќе даде пресврт во војната, рече Зеленски. И тука гледаме дека во третиот месец од војната со полно размери, Русија се обидува да го најде својот „вундервафе“. Наводно ласер. Сето ова јасно укажува на целосен неуспех на инвазијата.

Според Зеленски, ова покажува и дека се плашат да признаат дека се направени катастрофални грешки на највисоките државни и воени нивоа во Русија. Затоа, тие ќе смислуваат сè повеќе „вундервафе“ додека вооружените сили на Украина и сите бранители чекор по чекор ја ослободуваат нашата земја.

Колку време ќе потрае? Одговор на ова прашање може да даде само реалната состојба на бојното поле. Се трудиме тоа да го направиме што е можно поскоро. Тоа е сигурно. Ние сме должни да ги истераме окупаторите и да и гарантираме на Украина вистинска безбедност, кажа Зеленски.

Тој информираше дека потпишал укази за продолжување на правниот режим на воена состојба и рокот на општа мобилизација, со надеж дека Врховната Рада на Украина ќе ја поддржи оваа одлука во блиска иднина. Украинската армија и сите кои ја бранат државата мора да ги имаат сите правни алатки за да дејствуваат стабилно.

Керсон, Мелитопол, Бердјанск, Енерходар, Мариупол и сите наши градови и заедници кои се под окупација – под привремена окупација – треба да знаат дека Украина ќе се врати, потенцира Зеленски.

Зеленски, во своето обраќање по повод Денот на сеќавање на жртвите од депортацијата на кримските Татари кажа дека  државата никого не остава зад себе и по право го враќа она што и припаѓа на Украина.

Се сеќаваме на Крим. И никогаш нема да ја заборавиме 1944 година – геноцидот на кримските Татари извршен од советските власти. И 2014 година – вториот бран на уништување на сè што е слободно на полуостровот Крим, рече Зеленски. Особено на овој ден го потпишав законот за заштита на лицата лишени од слобода од окупаторите, како и за заштита на членовите на семејствата на таквите лица. Станува збор за сите затвореници во Кремљ – и на Крим и во окупираниот дел на Донбас. Законот им дава поголема заштита и помош од државата.

Тој истакна дека ги акумулира и сите можни ресурси на светот за поддршка на Украина. Му се заблагодари на Андриј Шевченко, легендарниот  украински фудбалер, што стана првиот амбасадор на новиот национален бренд на Украина – Јунајтед24.

На државата ѝ е потребна оваа платформа токму сега, што овозможува, особено, да собере средства за поддршка на Украина. Секој во светот – со еден клик – може да придонесе за нашата победа. И во насоката што тој или таа ја смета за најважна. На пример, одбрана и деминирање, медицинска нега или обнова на земјата. А во почетокот на јуни ќе можеме да го видиме првиот специјален настан во Лондон со учество на Андриј Шевченко за поддршка на Јунајтед24.

Украинскиот претседател се заблагодари на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за пакетот помош за Украина објавен денеска, неговата сума е 9 милијарди евра. И, исто така, изрази благодарност за поддршка на плановите за обнова на Украина. Овој чекор на Европската комисија е доказ за вистинското лидерство за кое е способна Европската унија. И дефинитивно ќе ни помогне во борбата за нашата заедничка слобода.

Зеленски информираше дека зборувал со новиот претседател на Обединетите Арапски Емирати, му честитал на изборот и го поканил да учествува во повоената обнова на државата. Исто така разговарале за заканата за глобалната безбедност на храната што Русија ја предизвика со инвазијата.

Претседателот традиционално вечерта го потпиша указот за доделување на нашите херои. На 197 војници на вооружените сили на Украина им беа доделени државни награди. 5 од нив – постхумно.

Зеленски,на крајот од своето обраќање, истакна дека со особена чест им го врачил Орденот Златна ѕвезда на војниците кои претходно ја добија титулата Херој на Украина, полковникот Серхи Барановски за храброст и ефикасност во битките во Донбас, и полковникот Серхи Мусиенко за лична храброст и успех во битките во регионот Харков.

Подготви: Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ