Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во синоќешното видео обраќање го повтори фактот дека Крим е дел од Украина и дека земјата никогаш нема да го остави зад себе. Руската војна, која започна со Крим, мора да заврши со неговото ослободување, нагласи лидерот.
Оваа руска војна против Украина и против целата слободна Европа започна со Крим и мора да заврши со Крим – со неговото ослободување. Денес е невозможно да се каже кога тоа ќе се случи. Но, ние постојано ги додаваме потребните компоненти во формулата за ослободување на Крим.“, рече украинскиот претседател.
Според Зеленски, деновиве има големо внимание на темата Крим, што е точно.
Бидејќи Крим е украински, и ние никогаш нема да го оставиме зад себе. Нема да заборавиме дека руската војна против Украина започна со окупацијата на Крим. Русија го претвори нашиот полуостров, кој отсекогаш бил и ќе продолжи да биде еден од најдобрите места во Европа, во едно од најопасните места, нагласи Зеленски.
Тој истакна дека Руската Федерација донесе голема репресија, еколошки прашања, економска безнадежност и војна на Крим. Самото присуство на руските окупатори на Крим е закана за цела Европа и глобалната стабилност, додаде шефот на државата.
Можеби еден ден историчарите ќе утврдат колку луѓе се убиени од рускиот терор. Десетици илјади? Стотици илјади? Од Украина и Грузија до Сирија и подалечните региони, рече Зеленски.
Тој е убеден дека регионот на Црното Море не може да биде безбеден се додека полуостровот е окупиран.
Нема да има стабилен и одржлив мир во многу медитерански земји се додека Русија може да го искористи украинскиот полуостров како своја воена база, смета Зеленски.
Подготви: Д.Мишев