Од вечерва вкупниот број руски ракети кои ги погодија нашите градови е веќе 2.811. Ги имаме сите докази за тоа што руските трупи прават против нашиот народ.
Еден таков доказ е во видеото. За никој да не се осмели да измами за ракетниот напад во трговскиот центар во Кременчук. Руската ракета го погоди токму овој објект, намерно.
Сакале да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар.
За овој чин на државен тероризам, како и за сите други, одговорна ќе биде Русија. На бојното поле во Украина, со зајакнување на санкциите и, се разбира, во трибуналот, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање/
Само што учествував на специјален состанок на Советот за безбедност на ОН свикан на барање на Украина. Свикан од Албанија – оваа држава претседава со Советот за безбедност. Ги искористивме сите меѓународни лостови за да ја изведеме Русија пред лицето на правдата за државниот тероризам. За се што направи руската армија против Украинците во Кременчук, во Очакив, во Лисичанск, во Харков, во Днипро, во многу, многу други градови во Украина. Од вечерва вкупниот број руски ракети кои ги погодија нашите градови е веќе 2.811. А има уште многу воздушни бомби, многу артилериски гранати, изјави Зеленски.
Тој соопшти дека Советот за безбедност на ОН денеска застана во тишина во знак на сеќавање на сите Украинци убиени од руската армија на нашата земја. Членовите на руската делегација ги погледнаа сите присутни во Советот за безбедност и исто така решија да станат – само за да не изгледаат како директни убијци. Но, сите знаат дека тоа е руски терор, руската држава е таа што убива невини луѓе во оваа војна што се води против украинскиот народ.
Зеленски упати повик до ОН да ги искористат постојните механизми на Повелбата за да ја запрат руската манипулација со структурите на Организацијата и да формираат специјален трибунал за да ги истражат дејствијата на руските окупатори на украинска територија.
Претседателот информираше дека украинските агенции за спроведување на законот и разузнавањето прават се за да ги идентификуваат сите руски војници одговорни за теророт врз нашите градови. Имињата, лицата и сите информации за секој од овие терористи ќе му бидат познати на светот. Никој од нив нема да може да избегне одговорност, а личните санкции нема да бидат доволни за овие луѓе. Казна и затвор се минимумот што го заслужуваат.
И сакам да кажам посебно за одговорноста на оние руски пропагандисти кои лажат за овој терор, кои се обидуваат да ги оправдаат акциите на руската армија. Секој од вас исто така ќе биде казнет. Ги имаме сите докази за тоа што руските трупи прават против нашиот народ, рече Зеленски.
Зеленски во обраќањето посочи еден таков доказ – за никој да не се осмели да измами за ракетниот напад во трговскиот центар во Кременчук.
Руската ракета го погоди токму овој објект, намерно. Очигледно, таков беше редот. Очигледно е дека руските атентатори добиле такви координати за овој проектил. Сакале да убијат што повеќе луѓе во мирен град, во обичен трговски центар. Еве што се случи во Кременчук, нагласи Зеленски. И за овој чин на државен тероризам, како и за сите други, одговорност ќе сноси Русија. На бојното поле во Украина, со зајакнување на санкциите и, се разбира, во трибуналот.
Зеленски изрази благодарност на сите што ја бранат Украина, и соопшти дека потпишал нов указ за доделување на нашите херои. Државни награди беа доделени уште 314 борци.
Вечна слава на нашите бранители! Слава на Украина!
Подготви: Д.Мишев