Украина мора да има модерен систем за воздушна одбрана и безбедносен договор со доверливи земји, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на Светскиот економски форум во Давос, одговарајќи на прашања за тоа како ја гледа иднината на својата земја, јавува дописникот на Укринформ.
„Нашата држава денес губи многу. Таа плаќа многу висока цена за слободата и независноста, за оваа борба, народната војна за слобода и независност. Нашата победа напредува. И знаеме дека во иднина ќе имаме победничка држава со обединет народ и влада. И мора да има јасни безбедносни приоритети, бидејќи со сосед како Русија може да има се, вклучително и војна“, рече Зеленски.
Затоа, според него, главна задача во иднина е „да имаме најмодерен систем за противвоздушна одбрана, најмодерен мултибезбедносен систем, да имаме безбедносен договор со земјите на кои им веруваме, кои ги сметаме за наши партнери и се разбира, да се осигураме дека сите обиди на агресорите да ја нападнат Украина би можеле да бидат запрени дури и пред да влезат во нашата земја“.
Подготви: Д.Мишев