• Latest

Зеленски: Веќе почнавме да работиме на нови пакети санкции против Русија, таа ќе ја плати целата цена за уништувањето на животите на соседите

June 3, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски: Веќе почнавме да работиме на нови пакети санкции против Русија, таа ќе ја плати целата цена за уништувањето на животите на соседите

June 3, 2022 10:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Соединетите Американски Држави потврдија на различни нивоа дека модерните ХИМАРСИ се испраќаат во нашата земја. Ова оружје навистина ќе помогне да се спасат животите на нашиот народ и да се заштити нашата земја.
Благодарен сум на претседателот Бајден, на сите наши американски пријатели и на народот на САД за нивната поддршка. Со нетрпение го очекуваме.
Очекуваме добри вести за набавка на оружје од други партнери. На пример, денес имаме нов пакет одбранбена помош од Шведска. Многу сум благодарен на раководството на оваа држава. Работиме на тоа да го доведеме снабдувањето со современи борбени системи на многу повисоко ниво, истакна украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

Зеленки нагласи дека во соработка со меѓународните партнери, Украина веќе почна да работи на нови пакети санкции против Русија за да ги натера окупаторите да ја платат целата цена за уништување на животите на соседите.

Зеленски објави три важни вести. Прво, Европската унија постепено се движи кон имплементација на шестиот пакет санкции. Искрено, да се постигне ова е многу тешко. Затоа што овој пакет санкции првенствено се однесува на нафтата.

Конечно, светот се откажува од руската нафта. Згора на тоа, други земји, кои произведуваат многу подобра и полесна нафта, се подготвуваат да ги заменат руските залихи. Затоа се губат огромни приходи за државата агресор во оваа сфера, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Русија постојано се обидува да се спротивстави на ова. Долго време ужива во протокот на петродолари и не сака да се одвикне од него. Но мора. Мора да се навикне на фактот дека многу болно намалување на приходите е неизбежна последица на војната за нејзиниот виновник, за руската држава.

Како втора вест, Зеленски истакна дека САД на различни нивоа потврдија дека во нашата земја се испраќаат современи ХИМАРСИ. Ова оружје навистина ќе помогне да се спасат животите на нашиот народ и да се заштити нашата земја.

Благодарен сум на претседателот Бајден, на сите наши американски пријатели и на народот на САД за нивната поддршка. Со нетрпение го очекуваме, изјави Зеленски. Очекуваме добри вести за набавка на оружје од други партнери. На пример, денес имаме нов пакет одбранбена помош од Шведска. Многу сум благодарен на раководството на оваа држава.

Тој информираше дека се работи на тоа да се доведе снабдувањето со современи борбени системи на многу повисоко ниво.

И како трето,Зеленски објави дека се повеќе и повеќе амбасади ги продолжуваат своите полноправни активности во Киев. Од денеска веќе ги има 50. Ова е многу важно не само во пракса – за работата на дипломатите, туку и на симболично ниво. Секоја нова амбасада што се враќа во нашиот главен град е доказ за вербата во нашата победа. Верба дека Украина ќе може да ја одбрани својата државност во оваа војна што ја започна на нашата земја Руската Федерација.

Тој  ја промовираше новата, многу важна и убава традиција. Отсега, церемонијата на предавање на акредитивните писма од страна на амбасадорите на странските земји кои ја започнуваат својата мисија во Украина ќе се одржува не само во Киев, туку и на територијата на нашата катедрала Света Софија.

Претседателот информираше дека првите амбасадори кои денеска ги врачија акредитивните писма на ваква нова церемонија беа амбасадорите на Молдавија, Индија и САД.

Зошто таму? Зошто во Софија? Затоа што е свет, историски и државен центар на нашиот народ. Примајќи ги акредитивните писма на тамошните амбасадори, ние демонстрираме кои се Украинците, што сме ние и што е зад нас. Со ова ја изразуваме нашата највисока почит кон претставниците на другите народи. Ние им се отвораме. И во исто време покажуваме дека од нив очекуваме иста почит, иста искреност кон украинскиот народ, кон нашите интереси и кон нашата историја., вели Зеленски. Веднаш по церемонијата разговарав со новите амбасадори. Впечатоците се добри. Се надевам на продуктивна работа.

Украинскиот претседател  објави две важни обраќања: до Парламентот на Луксембург и до учесниците на Безбедносниот форум во Братислава, на кој присуствуваа претседателката на Словачка Зузана Чапутова, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и други пријатели и партнери на Украина.

Тој истакна дека  клучната задача е сепак да се акумулира максимална поддршка за Украина. Пред се дефанзивна, финансиска и секако политичка. Речиси секое обраќање води кон зголемена помош за нашата држава.

Многу е важно што сега – за неколку недели – го чекаме одговорот на Европската унија за прашањето за кандидатскиот статус за Украина. Ние многу се радуваме на тоа, рече Зеленски и додаде. И јас сум им благодарен на сите што веќе се изјаснија за поддршка на нашата држава, за поддршка на кандидатурата. Особено, како одговор на моите барања во апели до парламентите на различни земји, форуми, студентски и експертски заедници, луѓе на плоштадите во различни европски градови кои се собраа за поддршка на Украина, за поддршка на нашиот народ.

Зеленски посочи дека мора да разбереме дека Русија сега ги мобилизираше сите свои сили за да го спречи европското движење на Украина. И секоја алатка – особено јавните дебати и апели – мора целосно да се користи.

Зеленско оцени дека ситуацијата во Донбас не е значително променета за еден ден. Имавме одреден успех во битките во Северодонецк. Но, рано е да се каже. Ситуацијата таму е најтешка сега. Исто како и во градовите и заедниците во близина – Лисичанск, Бахмут и други. Многу градови се соочуваат со силен руски напад.

Според него, руската армија ги користи сите свои вооружени можности и воопшто не ги брои луѓето. За Зеленски, особено е цинично што во првата линија на офанзивата окупаторите многу често ги користат оние луѓе кои биле регрутирани во нивната војска на претходно окупираната територија на регионите Доњецк и Луганск. Руските војници честопати едноставно се кријат зад овие таканаречени мобилизирани.

Колку подолго трае војната, толку погрдни, срамни и цинични работи Русија засекогаш ги впишува во својата историја, констатира Зеленски.

Тој нагласи дека е апсолутно бесмисленото гранатирањето на нашите погранични северни региони, особено Чернихив, кое продолжува од руската територија. Гранатирани беа Миколаев, Харков, регионот Харков. Целата привремено окупирана територија на нашата држава сега е зона на тотална катастрофа, за која Русија е целосно одговорна.

Веќе почнавме да работиме на нови пакети санкции против Русија. Чекор по чекор ќе ја лишиме руската држава од сите елементи на модерната економија. Окупаторите ќе ја платат целата цена за уништувањето на животите на соседите. И ниту едно лоби во ниту една земја нема да и помогне на Русија, потенцира Зеленски.

Тој објави дека потпишал нов указ за доделување награди на нашите бранители, нашите херои. На 223 борци им беа доделени државни награди, од кои 72 постхумно.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ