• Latest

Зеленски за Русија: Ова е зло што може да се „смири“ само на бојното поле

June 21, 2022

Излезеноста до 13:00 часот 20,12 отсто, во Скопје 20,07 проценти, најголема во Чашка-40,74 отсто

October 19, 2025

АВМУ: Прекршочни постапки за ТВ Компани 21-М и ТВ Шутел поради прекршување на изборниот молк

October 19, 2025

МВР: Приведени двајца за кривично дело „поткуп при избори и гласање“, пријави за агитирање при гласање на повеќе места

October 19, 2025
Фото: Инстаграм

Руската пропаганда со дипфејк се обидува да ја поткопа мобилизацијата во Украина: Стефанчук не го исклучува греењето за тие што „избегнуваат регрутација“

October 19, 2025

Матео Мекачи шеф на набљудувачката Мисија на ОДИХР: Не е битен само изборниот ден, туку и предизборните процеси, како и тие по изборите

October 19, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Јавно обвинителство: До овој момент генерално мирно и без поголеми нарушувања на изборниот процес

October 19, 2025

Како да пријавите изборни нерегуларности на ЦИВИЛ

October 19, 2025
Креирано со помош на ВИ

Повеќе од скандал: Трамп објави видео креирано од ВИ како фрла измет врз Американците

October 19, 2025

ДИК: Нема информации за евентуални проблеми или непријатности, излезност 9,38 отсто

October 19, 2025
Диана Тахири (лево) и Џабир Дерала, прв прес за изборниот ден, 19 октомври 2025 (фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Прва прес конференција на ЦИВИЛ: Мирен старт на изборниот ден, познати слабости – изборниот молк и пристапноста остануваат предизвици

October 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски за Русија: Ова е зло што може да се „смири“ само на бојното поле

June 21, 2022 10:24
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИЗЈАВИ, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Руските окупациони сили продолжуваат да ги гранатираат украинските градови, што докажува дека Русија е зло што може да се запре само на бојното поле,  изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќање до нацијата во понеделникот навечер.

„Како што предвидов, Русија е многу нервозна поради нашата активност. Повторно гранатирање на Харков, Одеса, повторно обиди за брутални офанзивни акции во Донбас. Ова е зло што може да се смири само на бојното поле. Ги браниме Лисичанск и Северодонецк. Целиот овој регион е најтежок, има најтешки битки“, рече претседателот.

Тој нагласи дека целиот регион е најтпогоденото подрачје во моментов бидејќи во областа се водат тешки битки.

„Но, нашите силни момчиња и девојки се таму. Окупаторите добиваат одговори за нивните постапки против нас. Благодарен сум на армијата и разузнавањето што го обезбедуваат“, истакна шефот на државата.

Одделно, Зеленски рече дека Украина се движи кон главната одлука на Европскиот совет, која се очекува да биде одобрена во петок во Брисел, бидејќи Советот ќе ја разгледа апликацијата на Украина за членство во ЕУ и ќе донесе одлука за доделување на земјата кандидатски статус.

„Следните денови од неделата исто така ќе бидат напорни. Се движиме кон главната одлука на Европскиот совет, која ќе биде усвоена во петок“, рече Зеленски. „Чекор по чекор минуваме низ клучна недела и правиме се секој ден за никој да не се сомнева дека Украина ја заслужува кандидатурата. Секојдневно докажуваме дека веќе сме дел од обединетиот европски, дури би рекол, вреден простор“.

Сега пратениците на Врховната Рада веќе заминаа, а јас сум тука. И знаете, би сакал да им се заблагодарам денес. Често ги критикуваме, но денес тие завршија многу добра работа, кажа Зеленски.

Претседателот исм се заблагодари на сите наши пратеници кои ја поддржаа нашата европска интеграција, и го истакна гласањето во корист на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство. Оваа Конвенција често се нарекува Истанбулска конвенција – според местото на потпис. Тоа е „поткопано“ во Украина со децении. Но, неговата главна содржина е едноставна – тоа е обврската за заштита од насилство и разни форми на дискриминација.

Сакам да им се заблагодарам и на пратениците кои го поддржаа Законот за управување со отпад. Ова е важен еколошки документ. За тоа се бориме три години. Законот неколку пати беше отфрлан поради олигархиско влијание, а сега е донесен. Конечно. Ви благодарам, рече Зеленски.

Тој нагласи дека беше одобрена Антикорупциската стратегија, што е исто така многу важно. Изрази надеж дека Радата ќе продолжи да работи со истите значајни резултати.

Зеленски информира дека  се обратил на четири адреси. Прво до учесниците на Самитот на иницијативата Три мориња, моќна регионална асоцијација во Европа. 12 држави меѓу Балтикот, Јадранското и Црното Море. Пред да се обрати, разговарал со претседателот Дуда. Со Анджеј ги координирале нашите позиции.

И на самитот беше одлучено Украина да добие статус што ќе и овозможи да стане полноправна членка на Иницијативата за три мориња. За нас тоа се значајни економски можности, модернизација на транспортот, врските и мрежите. Ова е уште една линија на блиска соработка меѓу Украина и земјите од ЕУ, истакна Зеленски.

Тој објави дека има добри вести од границата со Полска. Во рамките на проектот Отворена граница, капацитетот на контролниот пункт Краковец-Корчова е зголемен за 50 отсто. Со тоа значително ќе се зголеми извозно-увозниот проток преку границата. Модернизацијата ги чека и другите контролни пунктови на границите со Европската унија. И опипливо е, и не само за нас. Овозможува правење глобални работи. Борба против кризата со храна предизвикана од руската блокада на пристаништата.

Претседателот , исто така, зборувал за тоа во обраќањето до лидерите на Африканската унија, при што нагласил дека оваа криза е вештачка – немаше да постоеше ако не беше руската војна против нас. Исто така нагласил и дека Украина може да обезбеди снабдување со земјоделски производи во количина што дефинитивно ќе ја гарантира безбедноста на Африка, безбедноста на Азија.

Генерално, објави Зеленски, ги прошируваме можностите на нашата држава. Како и сите моќни европски земји, ни требаат сопствени политики кон Африка, Латинска Америка, Југоисточна Азија и другите делови од светот кои претходно беа изоставени од соодветното внимание на надворешната политика на Украина. Работиме на агенцијата Украина.

Тој објави дека им се обратил и на учесниците на Форумот за глобална политика во Италија. Многу влијателен состанок. Зборувал за тоа како да ги донесе сите украински мигранти дома.

Исто така, се сретнал со Бен Стилер, познат актер и амбасадор на добра волја на УНХЦР, кој е ангажиран во обезбедувањето помош на раселените лица и бегалците, и изрази благодарност на Бен за неговото постојано внимание на потребите на Украинците.

Зеленски се сретнал со претседателот на Генералната конфедерација на италијанската индустрија Карло Бономи, со кого разговарале за врските меѓу украинскиот и италијанскиот бизнис. Изрази благодарност за отворањето на канцеларијата на Конфедерацијата во Киев.

Накратко, но многу важно е обраќањето до учесниците на Меѓународниот фестивал на креативност во Кан – најголемиот ваков настан во светот. Канските лавови се посебна публика. Тоа се луѓе кои знаат како да го контролираат вниманието и кои се многу потребни во Украина во моментов. Колку подолго трае војната, толку е потешко да се натпреварува за вниманието на стотици милиони луѓе во различни земји. Но, ќе направам се што е можно за да не згасне вниманието кон Украина. Ги повикав најкреативните луѓе во светот да бидат наши сојузници во ова. И знам дека одговорот во Кан беше многу позитивен, истакна Зеленски во своето обраќање.

Подготви: Д.Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    120 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ