• Latest

Жан Митрев повикан на распит, Груби со порака од Peace Forum Dialogue – државата покажа лојалност кон граѓаните, тие возвратија, ОН алармира – „гробен час“ во Запорожје

August 12, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Жан Митрев повикан на распит, Груби со порака од Peace Forum Dialogue – државата покажа лојалност кон граѓаните, тие возвратија, ОН алармира – „гробен час“ во Запорожје

August 12, 2022 16:12
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Жан Митрев повикан на распит во ОЈО Скопје

Од Основното јавно обвинителство Скопје потврдуваат дека Жан Митрев е повикан на распит за определени околности во врска со предмет оформен по допрен глас во ОЈО Скопје. Обвинителството на 18 јули годинава, по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за работата на клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Артан Груби: Мислам дека треба да им објасниме на младите кои се придобивките што ги имаме од Охридскиот договор. Знаете дека преку еднакво општество за сите, имаме корист сите, и денес, после 21 година државата се грижи за заедниците кои живеат во државата, и сите заедници станаа еднакви бидејќи Албанците, Македонците, Србите, Бошњаците и другите кои живеат заедно во една земја, заеднички се грижиме за безбедноста и евроатлантската перспектива.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Нуклеарното тело на ОН ги повика официјалните лица да ја посетат украинската централа Запорожје што е можно поскоро поради обновените гранатирања во областа и предупредувањата за „катастрофалните последици“ од продолжувањето на борбите во близина на најголемата европска атомска централа.

*

До 12 август, 361 дете загина, а 706 деца беа повредени како резултат на целосната вооружена агресија на Русија во Украина, објави Јавното обвинителство на Телеграм..

*

Руската армија уби седум цивили и повреди уште 14 во регионот на Доњецк во изминатиот ден, 11 август, објави Павло Кириленко, шефот на Доњецката Регионална воена управа.

*

На бескрајната листа на инструменти на руската агресија, меѓу најизразените е организацијата позната како ПВК „Вагнер“. Да го прикрие своите терористички активности, оваа групација користи дел на приватна воена компанија, сепак, ова нема врска со тоа како се сфаќа поимот тероризам во цивилизираниот свет.

*

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е убеден дека Руската Федерација повторно го допре дното со гранатирање на нуклеарната централа Запорожје.

Никој во светот никогаш не инструментализирал нуклеарна централа да упатува закани, рече шефот на државата во вечерното видео обраќање до нацијата.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ВАНДАЛИЗАМ Не стивнуваат реакциите со осуда и коментари со револт и гнев на социјалните мрежи, откако паметниот споменик поставен во Охрид, на македонскиот поет, писател и културен деец Григор Прличев, бил вандализиран по само 48 часа од неговото ппоставување.

ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди  несоодветно извршување на работните задачи од полициските службеници.

ЕВРОИНТЕГРАЦИИ Европските интеграции на земјава и заложбите да продолжи развојот на соработката меѓу Северна Македонија и Бугарија во сите области во кои постои взаемен интерес, согласно Договорот за пријателство од 2017 година, како и Протоколот од Заедничката меѓувладина комисија, беа меѓу темите на телефонскиот разговор на министерот за надворешни работи Бујар Османи со новиот шеф на бугарската дипломатија Николај Милков

ПРЕГОВОРИ Доколку лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски својата кампања ја води со ставови против Бугарија и се противи на вклучувањето на Бугарите во Уставот на земјата, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон ЕУ, изјави бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучик

ИЗБОРИ Рокот за пријавување за гласање во домашни услови за болни и немоќни лица, лица позитивни на Ковид-19 или лица на кои им е одредена мерка на самоизолација кои не се во можност да гласаат на гласачкото место, а сакаат да гласаат на изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово истекува денеска, 12 август, во 24 часот.

СКРИНИНГ Државниот советник за европски политики во Секретаријатот за европски прашања, Драган Тилев за МИА го појаснува претстојниот процес на билатерален скрининг со ЕУ за усогласеноста на европското законодавство со македонското, што треба да започне во септември.

ПОЖАРИ Нема активни пожари во земјава, а 12 се изгаснати во изминатото деноноќие, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ